Кога мислиме на познати и скапи летувалишта, најчесто мислиме на Малдиви, Сејшели, Бора Бора и слично.
Овие места се познати и ретко кој не слушнал за нив, или погледнал слики од прекрасни плажи. Сепак, верувале или не, ова не се најскапите одморалишта на планетата.
Всушност, Густавија – место во Карипското Море – води во однос на трошоците. Според Insajder, туристичкиот бренд кој го промовира туризмот во Флорида Панхендл ја прогласи Густавија за најскапа туристичка дестинација во светот.

Оваа организација анализирала податоци од повеќе од 100 популарни дестинации за одмор и зела предвид различни фактори како што се трошоците за сместување, летови, оброци и превоз, како и најпопуларните атракции на секое место, па го нашла ова малку познато место на врвот на листата.Чистинските песочни плажи, викендичките за одмор и влијанието на француската култура е она што ги привлекува патниците во Густавија, град на карипскиот остров Свети Вартелеми.

Според една студија за патување, просечната цена на едно патување по патник е 1.600 евра, без да се земе предвид цената на авионскиот билет.
Што ја прави оваа дестинација толку уникатна?
Овој крајбрежен град е скап, пред сè, затоа што секоја стока што ќе се најде таму мора да се увезе. Сепак, градот во голема мера се здоби со репутација дека е идеална дестинација за богата клиентела.

Најблискиот аеродром до Густавија е малиот аеродром,каде повратен лет од Лос Анџелес чини во просек 2.500 евра, а посетителите можат да стигнат до островот и со брод и да се закотват на пристаништето Густавија, каде се наоѓаат јахти вредни повеќе милиони долари.Просечниот престој чини околу 1.500 евра.
Меѓутоа, покрај гламурозните хотели и викендички, посетителите доаѓаат во Густавија и поради нејзините тропски пејзажи. Меѓу познатите личности кои летувале на ова место се Жан-Клод Ван Дам, Пол Макартни и Сајмон Кауел.
