Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Не мора да одите на Карибите за да уживате во убавината: Доволно е да одите во Евија…

Островите Лихадонисија се наоѓаат спроти пристаништето Кавос во северозападниот дел на Евија.

Група острови со вулканско потекло во близина на Евија се познати како грчки Кариби.

Лихадонисија е архипелаг составен од острови со различни големини, познат по својата нереална сина вода и бројните атракции.

Грчките митови нудат објаснување за потеклото на овие острови, поврзувајќи ги со митскиот херој Херкулес. Според нив, островите Лихадонисија настанале од делови од неговото тело.

Како да стигнете до грчките Кариби?
Островите се наоѓаат спроти пристаништето Кавос во северозападниот дел на Евија. Најголемиот остров е Монолија и има специфичен облик, бидејќи е прилично долг и тесен и може да се пофали со мал залив, кој се користи како природно пристаниште. Токму на тој остров се наоѓа една од најубавите плажи каде има и бар.Интересно е да се забележи дека на островите во 1920 година живееле само 26 жители. Меѓутоа, околу шест децении подоцна, од нив останале само пет, пишува „Lichadonisia.com“. Тоа се членовите на семејството Лимпери кои живеат на островот и благодарение на кои имаме можност да дознаеме за грчките Кариби.

До островот може да се стигне од пристаништето Кавос на Евија, од каде сообраќаат чамци со стаклено дно, нудејќи им на посетителите да ја откријат целата убавина на грчките Кариби на овој начин.

Според информациите од веб-страницата на семејството Лимбери, чамците сообраќаат од 10 до 18:30 часот по локално време, на секои 90 минути. Цената на повратен билет за возрасни е осум евра, додека децата до 10 години не плаќаат билет.

Друга опција е од Камена Вурла, од каде поаѓањата се во 11 и 12 часот по локално време, а враќање во 16 и 18 часот. Во тој случај цената на повратен билет за возрасни е 15 евра, а за малолетни 8 евра.

Атракции на островот Лихадонисија
На островот Мегали Стонгили може да се видат остатоци од аквадукт од периодот на римското владеење, како и местото каде порано постоела црква посветена на Свети Григориј. Се верува дека таму во далечното минато всушност постоел манастир посветен на тој светител. Во непосредна близина има и капела посветена на Свети Никола.

Островот Мегали Стронгили, или преведено Големиот круг, го доби своето име поради неговата форма.Познат е како остров богат со зеленило и на него има светилник. Наликува на врвот на подводен вулкан.

Лихадонисја важи за идеална дестинација за сурфање и скијање на вода, но и за подводен риболов.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement