Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Необичности во европските земји кои можат да ги збунат туристите…

Сите знаат дека Германците многу сериозно го сфаќаат нивниот систем за селектирање ѓубре. Доколку ѓубрето не е правилно сортано, кесата ќе се врати со соодветната етикета.Со оглед на тоа што европските земји се дел од западната култура, патниците веројатно нема да наидат на нешто изненадувачки таму. Сепак, некои моменти од нивното секојдневие или одредени обичаи, како што ги пренесува порталот Brightside, може да бидат прилично зачудувачки, па доколку веќе одите на некој од нив, подгответе се за следново…

Франција

  1. Таа е првата земја во светот која им забрани на супермаркетите да ја уништуваат или фрлаат непродадената храна.
  2. Незаконски е да се контактира со вработените надвор од работното време или за време на викендите. Исто така, повеќето компании немаат менза во рамките на компанијата, па многу луѓе ручаат во околните паркови или барови.
  1. Не е мит дека Французите купуваат многу багети одеднаш. Но, тоа не значи дека ги јадат сите веднаш, главно ги замрзнуваат, па секогаш ги имаат при рака во случај продавниците да бидат затворени.

Италија

  1. Во некои кафулиња можете сами да си го платите кафето, а потоа да си платите уште едно пред да заминете за следниот гостин кој доаѓа и нема пари за да може да си дозволи кафе.
  2. Не сите ресторани во Италија издаваат сметки. Кога клиентите ќе го завршат оброкот, одат до влезот, кажуваат што јаделе и го плаќаат оброкот.
  1. Ако сакате кафе со млеко, треба да побарате кафе лате бидејќи лате едноставно на италијански значи „млеко“.

Германија

  1. Сите знаат дека Германците многу сериозно го сфаќаат својот систем за селектирање ѓубре. Доколку ѓубрето не е правилно сортано, кесата ќе се врати со соодветната етикета.
  2. Ако имате контакт со очите со непозната личност повеќе од три секунди, треба да кажете „здраво“ или барем да се насмевнете.
  3. Туристите понекогаш не се свесни за фактот дека локалното население знае да се соблече до своето голо тело, не само на плажа или во приватноста на своите домови, туку и во градските паркови.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement