Рај за скијачите кои не се љубители на организирани ски центри, далечниот остров Ришири се наоѓа во северозападниот дел на земјата.
Во текот на целата зима е покриен со снег.Овде е скоро секогаш ветровито – изјави за Би-Би-Си Тошија Вотанаб, кој со сопругата е сопственик на пансионот „Rera Mosir“, што на јазикот на домородното население на овој јапонски остров значи „Површина на ветрот“.
Планината со истото име се издига во центарот на островот. Овој заспан вулкан нуди многу скијачки патеки, на кои секогаш има снег во зимската сезона. Но и ветерот.

- Вистинската убавина на Ришири е тоа што не е совршено обликуван како планината Фиџи. Ветерот не може само да го обвие – објасни Тошија и додаде:
- Навистина има многу планини во една и ако знаете каде да погледнете, секогаш можете да најдете засолниште и, се разбира, можеби најдобрата снежна покривка на светот.
На јазикот на домородните луѓе во Јапонија, Аину, Ришири значи висок остров, додека често се нарекува „укишима“, што во превод значи „пловечки остров“.

- Разбирањето на името на народот Аину за овој остров може да ви каже многу за местото и што мислеле луѓето Аину за тоа – објаснува Аџами Сага, од Ваканаи, додавајќи дека името на неговото место е поврзано со јазикот на овој народ. , и дека терминот „Yam-wakka-nay“ се преведува како „Река со студена вода“.
Во текот на летото овој остров го посетуваат бројни туристи, пред се поради комбу алгите, кои се особено ценет деликатес во Јапонија, но и поради морските ежови, познати како уни.

Повеќе од половина век жителите на овој јапонски остров се занимаваат со риболов. Речиси 20.000 луѓе живееле на островот во 1940-тите, а повеќето од нив заработувале ловејќи харинга. Денес, пак, ситуацијата е сосема поинаква, дел поради падот на рибниот фонд, дел поради лошите услови во текот на зимата. Многу од помладите жители го напуштиле островот, а денес на него живеат само нешто повеќе од 5.000 луѓе, главно постари луѓе.
Во текот на зимата, Ришири се чини дека е во мирување. На него нема големи хотели, а ски-центарот нема ниту ски-лифтови. Нема редици скијачи како што е вообичаено во ски центрите. Овде од скијачите се бара да истрајност и упорност, бидејќи тие ќе се искачат на врвот на патеката со помош на кожи, кои ќе ги закачат за своите скии.
Иако пријателски настроени, многу локални жители честопати изгледаат збунето од авантуристите кои пристигнуваат на овој остров во екот на зимата. Нивното мислење не го дели Тоши, кој смета дека предноста на островот и планината Ришири лежи токму во недопрената природа, која гарантира незаборавна авантура.
