Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најдобрите светски дестинации според рејтингот на патниците, кои вреди да се посетат оваа година…

Најголемата туристичка платформа TripAdvisor и оваа година ги избра најдобрите светски дестинации врз основа на оценките и прегледите на патниците од целиот свет. Дестинациите се поделени во неколку категории, вклучувајќи ја и онаа која ги избира најдобрите дестинации во тренд и онаа која ги избира најдобрите плажи во светот.

Дестинации кои вреди да се посетат


Категоријата на трендовски дестинации покажува кои глобални дестинации забележале најголем пораст на позитивни критики од патници, интерес за резервации и пребарувања во изминатата година на TripAdvisor.Издвоени се 25 дестинации, а меѓу кои е Виена која се најде на 19. место. Главниот град на Австрија е една од омилените викенд дестинации.Само четири часа со автомобил од Загреб, овој град со богата историја и архитектура е и гастрономска оаза и голема шопинг империја. Тука е и Краков, кој го зазеде високото 10-то место. Краков, град во јужна Полска во близина на границата со Чешка, е познат по добро сочуваното средновековно јадро и еврејскиот кварт. Поради своите историски, културни и архитектонски интереси, тој е честа атракција за туристите ширум светот.

Доколку сакате да го искусите замокот на Дракула и да истражите како изгледа Трансилванија на пролет, тогаш одете во Романија. Исто така, посетете го идиличниот град Сибиу, прекрасниот Букурешт и познатиот замок Бран.

Романија е земја лоцирана во Југоисточна Европа и може да се пофали со богатство на природни и културни знаменитости. Малите камени улици, кули и замоци се совршена позадина за вистинска авантура. Имено, Букурешт е рангиран на 23. место како дестинација во тренд, а потоа следат Брисел на 24. и Копенхаген на 25. место.

Дестинации во тренд во 2023 година
Најпопуларните дестинации за патување оваа година се егзотичната Куба, која се најде на самиот врв на листата,а виетнамскиот град Хои Ан (втор), тропскиот рај на земјата Маурициус (трет), исто така на Топ десет дестинации се: Сием Рип (4-то), тајландскиот Чианг Маи (5-то), Гранд Кајман (6-то), мароканскиот град заштитен од УНЕСКО Фес (7-мо), главниот град на Азербејџан Баку (8-мо) и главниот град на Непал, Катманду (9-то).

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement