Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Излезете од вашата комфорна зона: Патувајте на луксузен експедициски брод за само 12 патници…

За да се тргне на патување со луксузниот експедициски брод „Nansen Explorer“, прво треба да се биде храбар.

Љубителите на авантурите, како и сите оние кои се трудат да излезат од својата комфорна зона, сега имаат можност за неверојатно патување и искуство.

Експедицискиот брод „Nansen Explorer“ е наменет за само 12 патници. Храбар и авантуристички, се разбира.

Бродот изграден во 80-тите години на минатиот век некогаш бил еден вид казино на вода, кој пловел меѓу Русија и Јапонија. Подоцна бил користен како патролен брод на Владата на Норвешка.

Не долго потоа, група скандинавски авантуристи го купиле овој брод и го претвориле во фасцинантен експедициски брод, пишува „Travelandleisure“.

За да може да се тргне на патување со луксузниот експедициски брод Nansen Explorer, прво треба да се биде храбар.

Патниците на овој необичен брод најчесто се луѓе желни за авантура, кои во исто време сакаат да уживаат во длабочините. Колку и да звучи контрадикторно.

Во минатото во бродот можеа да останат 60 патници. Денес, сепак, има само седум кабини, во кои може да се сместат најмногу 12 луѓе. Површините на патничките кабини се движат од 12,2 до 21,3 квадратни метри.

На бродот има и хелиодром, кој се користи за време на експедиции за да се видат санта мраз и други атракции, како и кајаци и даски за весла, кои патниците можат да ги користат при организирани екскурзии до некои од атракциите во близина на местата што ги посетуваат.

Запознавање со неверојатни дестинации
Благодарение на соработката со компанијата „Eyos Expeditions“, патниците можат да посетат некои од неверојатните пејсажи. Патување до Гренланд и Исланд, гледање поларни мечки во Свалбард во Норвешка или крстарење кое им овозможува да ги истражуваат подобрите брегови на Антарктикот се само дел од маршрутите што ги нуди овој луксузен експедициски брод.

Сепак, ваквите патувања воопшто не се евтини. Едно патување со едрење во Свалбард, на пример, чини од 15.685 американски долари по лице.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement