Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дестинација на Карибите која со право се смета за рај на земјата…

Доминиканската Република може да се пофали со импресивно крајбрежје од повеќе од 1.600 километри, но и со богата флора и фауна, како и со гастрономско наследство што ги фасцинира туристите.

Постојат бројни причини за посета на оваа карипска дестинација, која заедно со соседниот Хаити се наоѓа на островот Хиспаниола.

– Доминиканската Република е рај – изјави Дејвид Коладо, министер за туризам за „Euronews.com“ и додаде дека иако земјата има фасцинантни плажи и истo таква кујна, како и богато културно наследство, нејзината вистинска вредност е во нејзиниот народ.

Сето тоа имаше влијание и врз туризмот, така што со 8,5 милиони посетители во 2022 година, земјава оствари рекордна посета. Со сигурност може да се каже дека ова е значително закрепнување на туристичкиот сектор во оваа дестинација, бидејќи забележа пораст од 10% во однос на нивото пред почетокот на пандемијата во 2019 година.

Министерот истакна дека овие резултати се резултат на развојот на две стратегии, кои Доминиканската Република ги разви среде пандемијата.

  • Едната беше да го обновиме нашиот туризам и да се фокусираме на доаѓањето на туристите. И додека светот закрепна, решивме да ја зајакнеме нашата инфраструктура, вклучувајќи ги и сите наши плажи. Сето ова помогна да се воспостави оваа карипска дестинација како задолжителна работа за сите љубители на сонцето, морето и релаксацијата – нагласи Коладо.

Што да се посети во Доминиканската Република?
Благодарение на богатата колонијална историја, главниот град на земјата, градот Санто Доминго, е всушност првата европска населба на американско тло, по откривањето на Колумбо.

Градот е своевидна мешавина на традиционална и модерна архитектура, која опфаќа градби од 16 век, но и оние изградени во текот на минатиот век. Од 1990 година, Санто Доминго е на листата на светско наследство на УНЕСКО со причина. Исто така е дел од Националната ботаничка градина, која е најголема од ваков вид на Карибите.

Санто Доминго може да се пофали со богат ноќен живот, бројни ресторани, клубови и барови, но и феноменални плажи, покриени со бел, карипски песок.

Иако многу туристи претпочитаат да престојуваат во едно од познатите доминикански одморалишта, треба да се напомене дека земјата може да се пофали и со значително развиен еко-туризам.

Во Доминиканската Република има и локации наменети за љубителите на природата, па не е чудно што поради различните типови на атракции, властите започнаа кампања, симболично наречена „Туризам на секој агол“.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement