Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Град во Германија koj е познат по своите лековити води и рози: Зимскиот одмор овде е посебна приказна…

Еден од градовите што минатата година беше вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО, меѓу „Големите бањски градови на Европа“, е Баден-Баден. Градот, во кој живеат околу 56.000 луѓе, е трет по големина во регионот Баден-Виртемберг.

Причината поради која германскиот град во подножјето на планината Шварцвалд е наречен и „Главниот град на розите“ е поврзана со меѓународниот натпревар чиј домаќин е Баден-Баден. Покрај тоа што учесниците се натпреваруваат во знаење за овој цвет, тогаш се избира и најубавата од сите рози.

Уште еден од скриените скапоцени камења во Европа, Баден-Баден на своите посетители им нуди малку од сè – бањи, култура, историја и гастрономија, сето тоа зачинето со богат ноќен живот, истакнува „Baden-baden.com“.

Градот бил основан од римските освојувачи пред околу 2.000 години. Поради природната средина, тие ги изградија првите бањи на изворите за лековити води во околината.

Најпе е наречен Акуае, токму поради лековитата вода, бидејќи тој латински термин се преведува како извор или бања. Името Баден датира од средниот век.Меѓутоа, своето денешно име го добил во текот на 16 век, за да може да се разликува од истоимените градови во близина на сегашната австриска престолнина и во Швајцарија. Официјално, името Баден-Баден е стекнато во 1931 година.

Град за релаксација
Еден од градовите што минатата година беше вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО, меѓу „Големите бањски градови на Европа“, е Баден-Баден. Градот, во кој живеат околу 56.000 луѓе, е трет по големина во регионот Баден-Виртемберг.

Податокот дека дури 61,8% од неговата вкупна површина е окупирана од шуми јасно покажува за каков град се работи.

И не само што е познат по своите феноменални бањски комплекси, туку и по прекрасно уредените паркови и изобилството зеленило.

Во овој град се наоѓа најголемата оперска куќа и концертна сала во земјата. Божиќниот пазар чиј домаќин е Баден-Баден се смета за еден од најубавите во целата земја, истакнува „Baden-baden.com“.

Знаменитости на градот во подножјето на Шварцвалд
Иако е многу инспиративен во текот на целата година, Баден-Баден е особено привлечен во зима. Не само поради веќе споменатиот божиќен пазар, туку и поради близината на Шварцвалд, која нуди уживање во погледот на градот, како и скијање и санкање.

Ако го исклучиме уживањето во една од термалните бањи по кои Баден-Баден е познат не само во Германија, туку и пошироко, на туристите при посетата им се нудат многу други можности.

Во овој град се наоѓа најубавата пешачка патека во земјава и се состои од четири дела. Севкупно е долг нешто повеќе од 45 километри и се протега на надморска височина помеѓу 220 и 450 метри надморска височина.

Во исто така познатиот парк на овој град се наоѓа музејот на Фридер Бурд, познатиот колекционер роден во Баден-Баден. Колекцијата вклучува и некои од вистинските ремек-дела од минатиот век. Интересен податок е наведен на официјалната веб-страница на овој музеј дека „направени се големи напори да се зачуваат што повеќе дрвја на локацијата, за музејот Фридер Бурд хармонично да се вклопи во природата што го опкружува“.

Стариот замок изграден во првите години на 12 век, Новата градина на розите, зградата Курхаус изградена во стилот на Бел епок и познатиот парк Лихтенталер се некои од знаменитостите кои дефинитивно треба подобро да ги запознаете при посетата на Баден-Баден.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement