Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Готски катедрали и урнатините на мавританскиот замок скриен зад планина: Најубавиот мал град на светот има само 1.000 жители…

Овој мал град изолиран зад планината претставува прекрасна комбинација на различни светови и прекрасна архитектура.Кога новинарите на познатото туристичко списание „Conde Nast Traveler“ го избраа најубавото гратче на светот, земаа предвид неколку параметри.

Во оптек беа сите делови на земјината топка, од Јужна Америка, преку Европа, па сè до Азија, Африка и Австралија.

Важен фактор во изборот беше архитектурата, изгледот на улиците, гледиштата…

  • Без разлика дали тоа е поради пријателските локални жители, хотели или старомоден шарм, но никогаш нема да се умориме од патувањата во малите градови. Речиси секоја земја на планетата има мало гратче кое вреди да се посети, од историски села во Јапонија до пустински оази во Египет – пишува ова списание.

Првото место го зазеде градот Албарасин во Шпанија, во провинцијата Теруел.

Кога ова списание пишувало за „мали градови“, тие мислеле буквално така, бидејќи овој град има само околу 1.000 жители.

Албарасин е изолиран зад планина и е веднаш до реката таму наречена Гвадалкивир.

Во него се издвојуваат прекрасни розови и портокалови градби кои одлично се совпаѓаат со бојата на карпите кои го опкружуваат.

Овој мал град е единствен благодарение на неговата историја на муслиманско и христијанско владеење.

Каде на друго место можете да најдете готски катедрали и урнатините на мавританскиот замок во мал град – се вели во описот на Албарасин.Овој град е познат по тоа што го посетуваат алпинисти кои бараат авантури.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement