За некои Градот на љубовта, за други Градот на светлината, несомнено е дека Париз е една од најпосетуваните дестинации која привлекува туристи од целиот свет.
Доволно е само да отидете, без никаков план, и да уживате во шармот на француската престолнина, позната по бројните музеи и други атракции.
Меѓутоа, ако сакате подобро да го запознаете Париз за време на вашето викенд патување, не би било лошо да го испланирате вашето патување колку што е можно повеќе. За волја на вистината, неколку дена не се доволни за да се посетат сите атракции што ги нуди Градот на светлината, но можно е да се посетат главните.
Градот во кој секогаш се враќа
Токму затоа што е практично невозможно да се откријат сите негови убавини, Париз важи за град кој не се посетува само еднаш во животот.

Вообичаено, при првата посета, туристите се одлучуваат да се искачат на Ајфеловата кула, која е еден од најпрепознатливите симболи на градот на светлината.


Има и такви ентузијасти кои решаваат да ја посетат палатата Версај или музејот Лувр, иако е познато дека тоа се најпосетуваните атракции во Париз, а за влез обично се чека подолго. Но, кога пред себе имаш толку убавина и богатство во историска и уметничка смисла, ништо не е тешко.
Шетање и уживање
Нема ништо поубаво од крстарење по Сена или прошетка по неговите брегови. Но, при посета на Градот на љубовта, не треба да се пропушти подобро да се запознае духот на Париз при посетата на историскиот кварт Монмартр. Не пропуштајте да уживате во погледот на градот од познатиот боемски кварт во Париз.

Се подразбира дека во никој случај не треба да пропуштите посета на едно од шармантните париски бистроа, кафулиња и ресторани. Иако можеби не сте навистина импресионирани од француската кујна, бидејќи сепак е поинаква од нашата, секако ќе бидете воодушевени од внатрешноста на избраниот ресторан.

А доколку имате време, за време на вашиот викенд престој во Градот на светлината, не двоумете се да го посетите познатото кабаре Мулен Руж. Сместено во боемскиот Монмартр, ова надалеку познато кабаре нуди сосема поинаков поглед на француската престолнина.
