• Сподели на:

За различните невести: Есенско венче во коса

___

Овој тренд на ставање цвеќиња во косите одлично е идеален за есен посебно за време на вашата свадба. Наместо обичен бел вел, зошто да не го овековечите вашиот најважен ден со цвеќе во косите?

Без разлика на тоа за какви бои ќе се одлучите, цветното венче може да се совпаѓа со вашиот бидермаер или да биде во сосема поинакви бои кои ќе бидат одлична комбинација на вашиот бел фустан.

Истото важи и за големината. Нема правила. Можете да носите големи цветни венци или некои кои ќе бидат мал интересен детаљ.

Венчето може да биде направено од природно цвеќе или вештачко, доколку сакате да го користите подолг период.

Погледнете ја галеријата и инспирирајте се:


Оставете коментар

___