Најубавиот женски украс – косата е една од поважните работи кога станува збор за невестинското стилизирање.
Едноставно сите погледи се вперени кон невестата, а таа треба да блеска.
Овие невести за најромантичниот ден одбрале лежерни фризури во облик на плетенки, надополнети со венчиња од свежи цветови.
Тие изгледаат како вистински шумски самовили, лелеави, нежни и романтични.
Понесете дел од природата со себе во еден од најважните денови во вашиот живот.