• Сподели на:

Организација на венчавка:Грешките што ги прави секоја идна невеста!

___

Планирањето на венчавка не е воопшто мала работа и не е едноставно и е потребно многу време да се посвети на организација на венчавката.

Само што ве запросија и возбудата не може да биде поголема. Позитивната трема ќе биде присутна се додека не застанете пред Вашите најблиски и го кажете Вашето судбоносно ДА. Во таа Ваша возбуда, потрудете се да не ги направите следните грешки:

  1.  Одложување на активностите околу организацијата

Планирањето на свадбата не е мала работа и бара многу време. Доколку знаете што сакате, најдобро е што е можно побрзо да резервирате на време- никогаш не е многу рано. Што по организирани и претприемачки сте на почетокот, што значи помалку активности би имале пред венчавката.

       2. Обид да изгубите повеќе килограми пред венчавката

Купувањето на венчаница која е помала со цел дека до денот на венчавката ќе можете да ја облечете и да изгледате совршено, никако не е добра идеја. Што доколку Вашиот план за слабеење не успее? Наместо да сте фокусирани како да ослабете до венчавката, фокусирајте се на затегнување на телото.

       3.  Превземате некои работи кои се многу повеќе отколку што можете да постигнете 

Кога станува збор за венчавка, околу Вас секогаш има луѓе кои Ви помагаат во планирање и организација на венчавката. Затоа не превземајте повеќе активности доколку не можете се одеднаш да постигнете. Штедете ја енергијата, ќе Ви треба. Тоа никако не значи дека треба да ги оставите сите обврски да ги заврши некој друг наместо Вие.

      4. Сами да се обидете да декорирате

И покрај тоа што би сакале свадбевните покани, столчињата, венецот на врата, икибаните со цвеќе и останатите детаљи да ги осмислите сами и да ги декорирате, тоа бара многу енергија, труд и трпение и пред се бара ногу време. Како што и претходно напоменавме , не можете се да направите сами, и покрај Вашите убедувања дека Вие најдобро можете да го постигнете тоа и дека Вашите идеи се најоригинални.

     5. Пречекорување на буџетот

Однапред треба да испланирате колку средства Ви се потребни и за што Ви се потребни, како би ја избегнале непосакуваната ситуација да не можете да  ги реализирате вашите желби и планови бидејќи Ви недостасуваат финансиски средства. Тоа во пракса не е така како што често звучи во теорија, но сигурно барем малку ќе Ви помогне да не се најдете во таква непосакувана ситуација.

   6. Превземање грижа за тоа како ќе се одвива денот на венчавката

На денот на Вашата венчавка треба да се опуштите и да уживате во моментот, својата венчаница , заедно со Вашите блиски луѓе и секако со младоженецот. Задолжете некој да се погрижи за организацијата и за гостите, бидејќи Вашиот ангажман за тој ден е да бидете насмеани, да уживате и да бидете задоволни.

  7. Изработка на списокот со гости пред венчавката

Еден од првите чекори при организацијата на венчавката треба да биде правење на список со гостите кои ќе присуствувааат. Ставете ги на хартија имињата на лицата кои Ви се драги и кои сакате да присуствуваат на Вашата романтична венчавка. Никако оваа задача не ја оставајте за на крај.

 8. Заборавате што е најважно

На крај, тоа е денот кога Вие и Вашиот сопруг треба да започнете да живеете заедно. Не дозволувајте да се појави некоја пречка и да Ви го уништи уживањето.

9. Запоставување на фотографот 

Венчавката трае само еден ден, но фотографиите остануваат засекогаш. Ангажирајте фотограф кој ќе направи фотографии кои кога ќе ги гледате после долго време, повторно ќе ве обземаат истите емоции и задоволство како на денот на венчавката.


Оставете коментар

___