Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Како да одберете вино за вашата венчавка

Се приближува датумот што толку многу го очекувате. Вашата венчавка е набргу и потребно е да обрнете внимание на уште неколку детали за да ја добиете посакувата целина. Изборот на пијалок на венчавката е многу важен дел така што не смеете да го занемарите.

Шампањ, црно и бело вино, коктели и пиво, се се тоа различни пијалоци кои што најчесто се служат со вода и сок. Но, како правилно да одберете добро и квалитетно вино кое ќе се служи на вашата венчавка, нормално за пристојна цена, а во истовреме гостите да бидат задоволни?

Various Bottles Of Wine Behind Wine Glass On Glass Table.

Изборот на вино кое ќе се служи на вашата венчавка може за некого да биде многу досадна работа. Се изгледа многу комплицирано, а во суштина потребно е многу малку време за се да биде феноменално. Вашата основна желба е гостите да си поминат прекрасно на венчавката и да им понудите што е можно поквалитетно вино. Доколку немате време да се посветите на ова тема, ние во продолжение ќе ви понудиме неколку совети од искусни добавувачи од светската винска индустрија.

  • Најпрво пробајте го и проверете го виното што ви го препорачаа за да се служи на вашата венчавка. Многу важно е вам да ви се допадне или пробајте да бидете колку можете пообјективни. Со себе земете пријател кој има искуство во изборот на вина.
  • Доколку се работи за поголема количина која сакате да ја нарачате, обавезно гледајте да добие одреден попуст. Овде може да се заштеди голем износ на средства.
  • Гостите сигурно ќе бидат задоволни доколку се служи квалитетно вино. Тоа ќе го почувствуваат како и искустните винари така и почетници без искуство.
  • Обавезно внимавајте на венчавката да се чува виното според препораките на производителот.
  • Определете се за вина од Франција или Италија. Таму и просечните вина имаат одлични карактеристики, а сигурно ќе заштедите.
  • Многу повеќе ќе се конзумира црно од бело вино во поладните месеци.
  • При изборот на шампањ не смеете да брзате, а која количина ќе ви биде потребна зависи од бројот на гостите.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement