Во пресрет на новата колекција на венчаници, ние внимававме на тоа да може да ви ги прикажеме најмодерните венчаници и аксесоари за најромантичниот ден во животот.
Некои од овие трендови беа застапени и минатата година, а има и неколку новости. Поново во мода ќе бидат класичните модели, но секако и модерните венчаници. Погледнете кои трендови ќе треба да ги пратите доколку сакате да бидете модерна невеста оваа година.
Венчаниците со долги ракави беа во мода и минатат година. Истите модели ќе бидат во мода и оваа година. Мали детаљи, како што се ракави од чипка, можат да и дадат на Вашата венчаница изглед како од бајките.
Грациозните модели со повеќе слоеви, кои имаат крој како принцеза, повторно ќе ги засакаме. Венчаниците како балски фустани повторно се вратија во мода.
Некои дизајнери повторно кажаа ,,не” на свечените фустани и повторно го вратија оделото како нов тренд за оваа сезона. Девојките во 80-тите години масовно се венчаа облечени во одело, а најверојатно и оваа сезона тоа ќе биде хит.
Solange Knowles од својата венчавка повторно во мода ја врати венчаницата со наметка. Најпрво нејзината венчаница ја превземаа познатите на црвениот тепих, а потоа овој тренд се прошири низ светот.
За крај, нешто малку посексипилно. Модните стручњаци најавија тренд за оваа сезона со многу големо деколте за оние најхрабрите.