Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е БРЕМЕНА: Ким Кардашијан објави голо селфи без фотошоп

34-годишната старлета која е бремена со своето второ дете сподели фотографија со своите фанови на Инстаграм заедно со хаштаговите: #NoFilter, #NoPhotoShop и #GoodLighting.

Таа ја објавила фотографијата заедно со долго објаснување околу нејзината фигура која моментално се менува:

„Прво велат дека сум слаба, што значи дека мора да лажам дека сум бремена. Сега велат дека сум преголема што повторно значи дека мора да лажам. Некои денови фотографиите од мене се направени додека сè уште не сум јадена, а други денови кога изгледам како поголема најчесто сум и прејадена. Сето ова е дел од процесот„ – започнува Кардашијан со долгото објаснување околу тоа дали навистина е бремена.

„Мислам дека добро ме знаете и дека ако имав сурогат мајка, целиот процес ќе го документирав“ – додава таа како дел од демантирањето дека користи сурогат мајка.

„Ниту едно тело не е исто и секоја бременост е различна. Научив да го сакам моето тело и знам дека ќе станам уште поголема, но тоа не ми пречи. Благословена сум што сум бремена и уште посреќна што овој пат не отекувам. Велат носењето на машко бебе е поразлично од женско“ – продолжува со коментарот, објаснувајќи колку е среќна што носи второ дете.

„Во секој случај благодарна сум му на Господ за ова чудо и без разлика на тоа какви озборувања или коментари има, не влијаат на мене“ – заклучува Кардашијан.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Green Tea

Експертите препорачуваат перење на завесите на секои три до шест месеци, а во кујната уште почесто – на секои два до три месеци. Пред...

интересно

„Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето...

Advertisement