Бритни Спирс одамна ја бие глас како добар дел од своите песни на концертите воопшто не ги пее туку само ја отвара устата, а потврда за тоа добија и нејзините фанови на концертот во Лас Вегас. Всушност на снимката која се појави, можеме да ја видиме Бритни на изведувањето на песната „Perfume“ која за нејзе ја има напишано нејзината колешка Sia а чиј глас доминира во театарот, иако таа воопшто не била присутна! Нејзиниот менаџер и порано ја бранел во јавноста тврдејќи дека Бритни ја пее секоја песна, но не секогаш од почеток до крај затоа што тоа е скоро невозможно поради кореографијата.
httpv://instagram.com/p/ryWzT9ILDH

You must be logged in to post a comment Login