Иако многумина тоа несакаат да го признаат, изгледа дека јавноста ја интересира се што е поврзано со венчавката на Ким Кардашијан и Кање Вест, а нема подобар доказ од тоа што сликата со бакнежот од овој пар на Инстаграм стигна до скоро 2 милиони лајкови! Оваа фотографија, ѕвездата ја поставила на својот провил на друштвената мрежа во вторникот, а само три дена по тоа беа доволни за да се сруши досегашниот рекорд. Амбиентот што го гледаме во позадина не бил воопшто евтин, како што пренесува „People“. Цветниот ѕид младенците ги чинеше 136,000 долари! Предходните рекордери по број на лајкови беа тинејџерските ѕвезди Џастин Бибер и Селена Гомез.

You must be logged in to post a comment Login