Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Симон Ковел и неговата девојка Лорен Силвермен споделија фотографии од нивното новороденче Ерик

На 14-ти Февруари, познатиот телевизиски судија на шоуа за таленти Симон Ковел и неговата девојка Лорен Силвермен добија син по име Ерик. Само два дена потоа, тие ги објавија своите први заеднички фотографии од новороденчето.

 

 

На фотографиите јасно се гледа тато Симон во акција. Додека тој гугутка, малиот Ерик, кој тежи само 2,7 килограми, сосема спокојно ужива во неговите прегратки.

Новороденчето го доби своето име (Ерик) по таткото на Симон.

 

Според фотографиите, дури беше неверојатно да се претпостави дека ваква нежност ќе произлезе од од 54-годишниот Симон Ковел, најстрогиот судија во телевизиските шоуа за таленти, кој многу натпреварувачи доведе до солзи.

Во Октомври 2013 во интервју за Parade магазинот, Ковел призна дека е нестрплив да стане татко.

„Не сум добар со бебиња„ – признава  Тв продуцентот. „Никогаш  не ми е јасно што треба да правам. Но откако ќе потпорасе, мислам дека ќе бидам одличен татко во однос на давање на совети. И тогаш, ќе можземе да правиме многу работи заедно, на пример, ќе одиме во Дизниленд заедно или во Universal студиата, ќе го учам како да вози…го сакам сево ова„

 

Бременоста на Лорен беше откриена во Јули 2013, кратко откако одекна веста за романтичната врска помеѓу овие две вљубени птички.

Лорен Силвермен се разведе од Ендру Силвермен, поранешен пријател на Симон Ковел,  во Август 2013 иако веќе го имаше 7 годишниот син  Адам со него.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement