• Сподели на:

Што е заедничко помеѓу Меси и Долче и Габана?

___

Не, не мислевме на затајување данок, поради што италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана ја дочекаа својата пресуда (иако е во тек жалбена постапка!), а најдобриот фудбалер на светот, Аргентинецот Лајонел А. Меси допрва треба да се појави на суд во септември …. иако и тоа им е заедничко. Мислевме на новата соработка помеѓу фудбалерскиот виртуоз и омилените дизајнери на лимитираните маици на кратки ракави, кои ќе ги забележите на фотографиите на Лео Меси.

Дури седум различни фотографии од Меси се најдоа на обични бели маици со кратки ракави, кои можат да се набават онлајн или во бутиците на Долче и Габана по цена од 130 евра. Дел од парите се наменети за Фондацијата на Лајонел Меси која им помага на децата. Автор на фотографиите е дизајнерот Доменико Долче, а со овој ангажман Лео Меси ја продолжува низата на познати фудбалери, кои своите извајани тела, на овој начин им ги претставија на обожавателките.

Дејвид Бекам и Кристиано Роналдо го направија тоа како заштитни лица на Армани – колекцијата за долна облека, а Бекам направи и своја линија за H&M. Освен лимитираната колекција на бели маички, италијанско-аргентинската соработка опфаќа книга и календар со фотографиите на Лео Меси, чиј автор е Доменико Долче.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:


Оставете коментар

___