Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Бунтовник со причина: Погледнете ја изненадувачката протест фотографија на Ема Ватсон

Последната фотографија на социјалните мрежи од Ема Ватсон е всушност акт на протест, иако не изгледа како што очекувате.

Актерката од „Хари Потер“, 24 години, не држи некои знаци, ниту пак е опкружена со некои контроверзни луѓе на фотографијата. Таа едноставно е насмеана на јавно место.

Позадината на овој акт е 28ми  јули, кога заменик министерот на Турција, Булент Аринч одржал говор за моралната корупција во неговата земја. Во говорот тој вели дека жените треба да си ја задржат смислата за хумор за приватниот живот.

„ Жената ќе знае што е “грешно“ ,а што не“ вели Аринч. „ Таа нема да се смее во јавност. Нема да ги промовира своите ставови и ќе ја заштити својата едноставност… Каде се нашите девојки кои се вцрвенуваа, ги наведнуваа главите и го вртеа погледот кога ќе ги погледневме, симболот на чистотата?“

Очигледно ова не им се допадна на како што еден турски весник процени “илјадници на жени“, кои постираа фотографии на социјалните мрежи во форма на отпор. Тие исто така ја известија Ватсон, која се има прогласено како феминистка во неколку ситуации, за подржка во протестот, споделувајќи нејзина фотографија. Таа ја сподели фотографијата на Twitter додавајќи го линкот на The Guardian за реакциите на социјалните мрежи кон турскиот претставник. Го стави и хаштагот ♯ direnkahkaha како и останатите протестни твитови. Твитот на Ватсон бил симнат подоцна , но фотографијата останала на Instagram.

Британската актерка долго време е адвокат на жените. Во 2007, кога имаше само 17 години таа изјави: „ Има премногу глупи девојки во медиумите. На Хермиона не ѝ е страв да биде паметна. Понекогаш помислувам дека тоа што паметните девојки оглупуваат е многу лошо.“

На 21 година за време на прес конференцијата, промоцијата на последниот филм за волшебникот, таа се спореди со нејзиниот омилен лик Хермиона, која дефинитвно го присвојува феминизмот.

„ Се трудам и размислувам многу, очигледно и таа го прави тоа.“  забележа Ватсон. „Таа е многу одлучна, како мене. Сакам да верувам дека и ја сум лојална како нејзе.Феминист на нејзиниот начин. Ќе го кажам тоа што го мислам, како што таа го прави тоа.“

Всушност Ватсон неодамна беше прогласена за амбасадор на добра волја од организацијата за полова еднаквост на Обединетите Нации.

2

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement