Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Златни правила за здрав живот кон кои сите треба да се придржуваме

Здравјето е навистина неопходно за да останеме живи. Но, го цениме само кога ќе започнеме да го губиме или постои таков ризик.

3-zlatni-pravila-za-zdrav-zivot-kon-koi-site-treba-da-se-pridrzuvame-01

Здравјето значи среќа, а добрите животни одлуки го подобруваат здравјето. Некогаш е навистина тешко да се придржуваме до здравиот начин на живот, но ако барем се трудиме да го правиме тоа 4-5 пати неделно, тоа сигурно ќе вроди со позитивни резултати.

Правило број 1: Умереност

Внимавајте на балансираниот однос на внесување на енергија и нејзино трошење. Тоа значи дека треба да јадете 5 умерени оброци дневно, а појадокот да биде најобилен од нив.

Колку сте постари, толку помалку храна треба да внесувате и во текот на денот порано да престанувате со јадење. На пример, луѓето кои имаат 50 години не треба да јадат после 18-19 часот, а децата смеат.
Правило број 2: Движење

Трудете се секој де да се движите минимум половина час – Движете се на начин кој ве прави среќни – танц, одење, екстремен спорт или било што друго. Важно е активноста да ви предизвикува задоволство и чувство на среќа. А, тие 30 минути можат да ви го променат животот.

Целото тоа движење не мора да го направите веднаш. Движете се 2 пати дневно по 15 минути или 3 пати по 10 минути. Телото сето тоа го собира, а кумулативниот ефект е исклучително важен. Една од најдобрите вежби за движење е качување по скали.
Правило број 3: Квалитетен сон

Легнувајте пред полноќ – 8 часа спиење дневно е многу добро, за многумина и невозможно, но барем пробајте да се доближите до таа бројка. Се вели дека сѐ што е пред полноќ вреди дупло, што значи пробајте да си легнете порано и ќе ја почувствувате убавината од тоа.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...