• Сподели на:

Здрав појадок: 3 најважни правила за губење килограми

___

Најдобар начин да влијаете на вашето здравје, но и линија, е да јадете здрав појадок, бидејќи на тој начин на организмот му ја давате потребната енергија за да може да го издржи денот.

Zdrav-pojadok-3-najvazni-pravila-za-gubenje-kilogrami-02.jpg

Дополнително важно е тоа што со здравиот појадок вие го забрзувате метаболизмот и со тоа го спречувате зголемувањето на килограмите.

Многу луѓе избираат погрешни состојки за појадок, па и покрај тоа што никогаш не го прескокнуваат овој важен оброк, не можат да се пофалат со добра линија.

Токму затоа, ова се трите најважни правила за здрав појадок до кои треба да се придржувате за вашето тело да биде здраво:

1. Појадувајте веднаш штом станете

Истражувањата покажале дека појадокот го забрзува нашиот метаболизам, па затоа е многу важно да се јаде во првиот час откако се будиме за да можеме на најдобар начин да го искористиме потенцијалот на телото за согорување масти.

И не само тоа, ако појадуваме веднаш по будењето, во текот на денот нема да чувствуваме голем глад и ќе правиме поздрави избори кога ќе дојде време за ручек или вечера.

Zdrav-pojadok-3-najvazni-pravila-za-gubenje-kilogrami-01

2. Никако не заборавајте ги протеините

Појадокот богат со протеини му помага на организмот да се избори со налетите на глад. На овој начин ќе јадете помалку и ќе губите килограми. Едно истражување покажало дека девојките кои појадуваат јајца, во просек изгубиле двојно повеќе килограми од оние кои денот го започнувале со некакво печиво.

Протеините во јајцата ни даваат подолго време чувство на ситост и на тој начин го смалуваат гладот и ни помагаат да внесеме помалку калории во текот на денот, бидејќи многу побавно се варат.

Zdrav-pojadok-3-najvazni-pravila-za-gubenje-kilogrami-02

3. Банани

Појадокот богат со отпорен скроб (посебен вид на скроб кој полека се вари и го зголемува чувството на ситост) ни помага да согориме повеќе калории, бидејќи го предизвикува нашето тело да користи масти за да ни даде енергија. Овој скроб може да се најде во бананите, но и во овесните снегулки.

Zdrav-pojadok-3-najvazni-pravila-za-gubenje-kilogrami-03


Оставете коментар

___