Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Заштитете се од инфекции: Правила за интимна нега

За разлика од негата на кожа и коса, негата на интимните зони не е честа тема, а би тебало да биде, затоа што неправилното негување може да предизвика непријатни последици.

Добрите бактерии кои создаваат одбранбен штит се познати како вагинална флора, која е многу важно да ја одржите здрава.

Еве кон кои правила треба да се придржувате, посебно во летниот период:

1. За вагиналната флора да биде избалансирана важно е pH вредноста да изнесува од 2 до 4. Сè што ја надминува оваа бројка може да доведе до проблем. На пример, чоколадите, антибиотиците и стресот ја менуваат pH вредноста на интимната женска зона.

2. Се смета дека најдобрата нега се состои од млака вода и средства со неутрална pH вредност.

3. Честата употреба на шампони за интимна нега многу пати знаат да го имаат спротивниот ефект.

4. За време на летото кога седењето во мокар костим за капење станува секојдневие, добро е при рака да имате препарати кои содржат физиолошка флора и ја враќаат природната pH вредност.

5. Правете чести гинеколошки проверки, а по одморот задолжително закажете термин. Сега барем сè е лесно и достапно – инфекциите се лечат со вагиналети кои се лесни за аплицирање и уште поделотворни за лекување.

6. Секојдневното туширање е најважно! Посебно додека сте на одмор, по секое излегување од море или езеро добро измијте го телото.

7. Избегнувајте ги облогите или природните измивања на интимната зона без консултација со лекар.

8. Како превенција, неколку пати неделно користете креми кои ја враќаат физиолошката флора во нормала.

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...