Младата мајка, сопруга и една од најзгодните жени на светот… Миранда Кер секогаш исгледа одлично, а за нејзината совршена фигура во голем дел се заслужни здравата исхрана и строг режим на вежбање.
Куќата се гради од темелите, а денот по утрото се познава. Првиот чекор кон беспрекорно тело е токму – здравиот појадок! Австралиската убавица, заносната бринета Миранда Кер денот го започнува со витамински коктел.
“Првата работа е утрински шејк, одговорен за максимална енергија и виталност. Тоа е моќен, алкализиран, густ и хранлив пијалак, исклучително богат со витамини и минерали”, открила Миранда во интервјуто.
Риба, овошје, зеленчук, салати…
Но, немојте да се залажувате тоа е сепак само еден дел од нејзината секојдневна рутина. Диетата на Миранда Кер главно се состои од здрава мешавина на зеленчук, овошје и риба. Признава дека секогаш бира свежи органски производи и пие само чиста вода, по можност алкална.
Ако сакате да го копирате менито на познатата убавица, еве мала помош: “Обожавам добра салата со млад спанаќ, авокадо, сирење, краставица, бадеми и масло од ореви. Тоа е навистина вкусно, а со тоа сакам риба на скара и некој благ компир”, открива Миранда.
Режим на вежби
За тело кое многумина го сметаат речиси совршено, освен здрава, умерена и добро балансирана исхрана заслужен е и строг режим на вежбање. Откако, во 2011 година го роди синот, Миранда за многу краток временски период успеа да го врати телото во “нормала”, благодарение на сериозен тренинг и строго придржување на плановите и програмите.
И покрај пренатрупаниот распоред (ревии, снимање силни едитријали, насловни, рекламни кампањи и гостувања на настани и по медиуми), Миранда во теретана оди пет пати неделно, а таму секој пат вежба најмалку по еден час. Нејзиниот режим всушност е комбинација на јога, балет движења, кардио вежби, трчање и бокс! Миранда прави склекови и џогира еднаш до два пати во неделата, а за саканите резултати поминува од 3-5 километри од тренинг.


You must be logged in to post a comment Login