• Сподели на:

ЗАБОРАВЕТЕ НА ДИЕТАЛНИТЕ ПИЈАЛОЦИ! ЛАЖНИТЕ ШЕЌЕРИ МОЖЕБИ НЕ ДЕБЕЛАТ, НО ПРАВАТ НЕШТО МНОГУ ПОЛОШО ОД ТОА!

___

Лажните шеќери можеби не дебелат, но прават нешто многу полошо за вашата линија!

Поголемиот дел од луѓето неретко се одлучуваат за диетален пијалок или вештачки засладувачи како би ги избегнале шеќерите. Но по сè изгледа дека сите грешат, бидејќи вештачките шеќери можеби се дури и поштетни.

Последните истражувања покажуваат дека вештачките засладувачи прават да се чувствувате погладно, а во студијата спроведена во Австралија, и научниците утврдија дека вештачките шеќери влијаат на тоа како вашиот мозок ја разбира гладта и како рецепторите ги чувствуваат вкусовите.

За да се дојде до ваков заклучок, научниците најпрво извршиле тестирање над инсекти. Тие им давале храна со вештачки засладувачи и забележале дека инсектите внесувале за 30 отсто повеќе калории во однос на нормалната храна. А потоа ја повториле постапката и над лабораториски глувци коишто потоа внесувале дури за 50 отсто повеќе калории.

 

Научниците сметаат дека ова се случува затоа што нивото на енергија и слаткиот вкус се поврзани со центарот за награди во мозокот и кога не се во согласност, вашиот мозок мора да се прилагоди. Поради тоа ви говори дека сте гладни, иако сте изеле доволно.

Па така, кога следен пат ќе посегнете по диетален пијалок или некој вештачки засладувач, сетете се дека после тоа со сигурност ќе бидете гладни, иако и реално нема да бидете.

И така ќе влезете во еден магичен круг во којшто единствено само ќе добивате дополнителни килограми. Па, ако веќе сакате газиран пијалок, одлучете се за не-диетална верзија.

 

 


Оставете коментар

___