Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

ТОП 5: Ова се најотровните билки на светот!

Голем број билки кои се исклучително токсични многу луѓе ги одгледуваат во своите градини. Исто така, важно е да се знае дека кај некои растенија отровни се само плодовите, додека кај некои смртоносен е секој дел.

Убави миризливи и смртоносни! Сите знаеме дека цвеќето ни го разубавува и збогатува домот, создава прекрасен амбиент или не радува кога ќе го добиеме на подарок. Меѓутоа, веројатно не сте знаеле дека на светот постојат илјадници отровни растенија, меѓу кои се наоѓаат и оние кои се одгледуваат во домовите и градините.

Ви ги претставуваме 5-те најсмртоносни:

5. Кукута (Conium)

Отровната кукута предизвикува страв од антиката. Нејзнините смртоносни дејства се користат во многу атентати и убиства, а најпознатото случување е секако “пехар на кукута”на  кога Скорат, грчкиот филозоф му е пресудено самиот да си го одземе животот со пиење на отровот.

Иако билката содржи неколку отровни материи, насилна и најсмртоносна е отровот “конин” кој, со доволна доза, предизвикува парализа на срцето и белите дробови. Кукута расте главно  во Европа и Северна Африка.

Foto: Wikipedia/Bff

4. Раково око (Abrus precatorius)

Оваа билка е по потекло од Индонезија, каде нејзината силна црна, црвена и бела бобинка се користи за изработка на накит и перкусии. Сепак, семките не произведуваат само добар звук, туку се и исклучително опасни поради отровните супстанци абрин.

Само една семка од оваа билка може да биде фатална за луѓето. Сепак, за среќа, семката обично само поминува низ човечкиот организам, а фатална е само доколку се џвака.

Foto: Wikipedia/Forest & Kim Starr

3. Олеандер (Nerium oleander)

Олеандер е рангирана меѓу повеќето токсични растенија на планетата, но сепак големи се шансите дека ја имате во својата градина или дом, бидејќи е една од најпопуларните домашни билки.

Оваа билка, која расте во облик на мала грмушка, визуелно изгледа повеќе од убава. Меѓутоа, џвакањето на слитовите, стеблото или цветот може да предизвика смрт. Всушност, секој дел од олеандерот е отровен, но во многу мали дози се користи  и како лек во народната медицина. Чистиот олеандер ги оштетува очите, цревата, а може и да го запре срцето.

Foto: Wikipedia/Alvesgaspar

2. Самоубиствено дрво (Cerbera odollam)

Самиот популарен прекар на билката која на латински се нарекува Cerbera odollam е сосема доволен да знаете дека оваа билка треба да ја заобиколите по секоја цена. Потекнува од Јужна Азија и Керала, провинција во Индија. Самоубиственото дрво содржи силен срцев отров што лесно може да биде скриен како зачин во храна. Овој отров тешко може и да се детектира и при обдукција.

Тим токсиколози од Франција уште еднаш покажаа дека за половина од смртните случаи од труење во Индија е одговорен токму отровот од оваа билка. За само 10 години, експертите успешно идентификувале повеќе од 500 случаи на фатално труење од Cerbera odollam, од кои голем број се прогласени за самоубиствени.

Foto: Wikipedia/Tau'olunga

1.Рицинусово масло (ricinus communis)

Семето од ова растение содржи многу токсична хемикалија – рицин, а консумирањето на четири до осум семиња предизвикува фатални последици. Отровот во семето може да доведе до чувство на пецкање во устата и грлото, интензивни болки во стомакот и крвава столица.

Иако рицинусот е една од најотровните билки, рицинусовото масло е сосема безбедно за употреба. Секако, не треба да си играте и експериментирате  со оваа билка. Луѓето ја одгледуваат во градините или во саксија, поради атрактивните листови.  Во некои земји е ограничено одгледувањето поради токсичност.

Foto: Wikipedia/Adityamadhav83

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement