Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Сигурно барем еднаш сте пиеле чај од камилица!

Оваа лековита билка е најчестиот избор кога сакате да се напиете чаша топол чај, особено за време на настинка и грип. Нејзините лековити својства биле познати од античките времиња, најчесто ја пиеме кога имаме проблеми со стомакот. Но, листата на лековитите ефекти на камилицата е прилично долга.

Чаша чај од камилица на ден може да го намали ризикот од рак, сметаат истражувачите од Државниот универзитет во Охајо, бидејќи содржи молекули апигенин кои можат да го спречат ширењето на клетките на ракот.

Помага кај надуеност, дијареа, осип, херма и други болести на желудникот, во случај на проблеми или недостаток на менструација и други симпроми на болки во стомакот, несоница, епидидимитис, температура, болни рани и забоболки. Камилицата помага во потењето, ги намалува болките, смирува грчевите, дезинфицира и делува анти-воспалително, особено на мукозните мембрани. Се користи и за облоги и миење на вопалените очи, воспаление на конјунктивата, кај осипи на кожата кои предизвикуваат чешање, за гаргара кај забоболка и испирање на рани, но и за смирување.

Постојат повеќе видови на камилица, а најлековити се римската и германската камилица. Истражувањата покажале дека камилицата поради нејзиното анти- воспалително дејство може да биде ефикасна против стафилококи и кандида. Цветовите на билката содржи неколку органски соединенија кои ги ублажуваат менструалните болки.

Ако камилицата ја прелиете со топла вода, се ослободува соединение кое ги олеснува симптомите а поленска треска, астма и чиреви и дејствува анти-алергиски и против температура, а антиоксидансите од камилицата ја штитат кожата од УВ зрачење. Исто така, помага при акни, различни иритации, осип и други проблеми со кожата, особено гнојни рани.

За камилицата велат дека ќе ја оживее секоја градина, па дури и болните растенија, па посадете ја покрај билките на кои им е потребна ‘посебна нега’.

Прочитај

Four Seasons

Јахтата Futura има хибридни мотори, надворешно стакло и форма на риба, заедно со многу други технологии кои ја хранат неговата одржливост… Најновиот концепт на...

Green Tea

Michael Korsго претставува најновиот машки мирис во својата колекција Extreme… Оваа линија веќе има Extreme Blue, Extreme Night, Extreme Rush, Extreme Speed, додека најновата...

Cotton Club

Со доаѓањето на Дејвид Церато во компанијата пред пет години, марката Montblanc за многу кратко време ја смени својата поделба за часовници… Префрлувајќи го...

Wall Street

Станува збор за Hanoi Golden Lake Нotel, кој е наречен така единствено заради навистина специфична причина. Според наводите, оваа 25-катна зграда е покриена со...