• Сподели на:

Што правите погрешно кога носите чанта на рамениците?

___

Еден германски ортопед објаснува што правиме погрешно при носењето на торби или чанти преку рамениците. Секој кој редовно носи чанта преку рамениците треба да има предвид дека со неа може да си предизвика сериозни здравствени проблеми.

Токму затоа, ако носите чанта, како прво треба да бидете сигурни дека таа не тежи повеќе од 5% од вашата севкупна тежина.

Во спротивно, постои ризик од болки во мускулите на страната на која ја носите чантата, а потоа и далеку посериозни проблеми како искривување на р’бетниот столб.

„Книгите во чантата која се носи на рамена се неволја за секој ортопед“ – вели Рајнхард Шиндерханд, претседателот на Германскиот институт за болести на коските.

Тој забележал дека секој кој носи торба или чанта на раениците има своја омилена страна на која постојано ја носи истата.

„Носењето на торба на едното исто рамо може да предизвика напнатост во мускулите на таа страна, па добро е покрај тоа што ќе внимавате на тежината на чантата, да внимавате и на тоа постојано да ја менувате страната на која ја носите“ – додава тој.


Оставете коментар

___