Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Што да јадете кога имате „криза за благо“?

Ако премногу внесуваме шеќери во телото преку преработената храна, поттикнуваме брз раст, а со тоа и еднакво брз пад на глукозата во крвта.

Namirnici-koi-ja-smaluvaat-potrebata-za-blago-01.jpg

Затоа е потребно да внимавате што и на каков начин внесувате во вашиот организам.

Ви нудиме предлог намирници кои ќе ви помогната да ја намалите потребата за нездрави шеќери:

Домати

Доматите се делотворни против желбата за шеќер затоа што содржат материи во себе кои телото ги претвора во серотонин. Доматите се богати со хром, минерал кој ја намалува потребата за храна и го регулира холестеролот и разни глукози во крвта.


Јаболко

Лесно е да го понесете со себе и не е потребно да го лупите ниту сечете како други овошја. Дури и киселите сорти на јаболка содржат многу јаглехидрати. Ова овошје богато со прехранбени влакна, дава чувство на заситеност и го намалуваат гладот.


Блага пченка

Уште една здрава храна која може да ви помогне во одвикнувањето од слатките. Изобилува со антиоксиданси, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен желбата за јадење благо го намалува и гладот.


Сладок компир

Покрај тоа што ја намалува желбата за благо го храни организмот со Ц, Д, Б6 и железо. Хранливите материи во слаткиот компир може да спречат болести на срце и делуваат како превентива од рак.


Цимет

Циметот е фантастичен зачин кој има неодолив вкус и мирис, па можете да го додадете во многу јадења. Овој зачин ги спречува наглите осцилации во нивото на гликоза, која предизвикува потреба за шеќер.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...