Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Шест совети како да бидеме среќни во зима

Иако зимата е период на празнични украси и многу прослави, сепак многу луѓе се борат со синдромот наречен „зимска депресија“. За многумина зимата е стресен период, и тоа заради повеќе причини.
“Зимата дефинитивно е период кога енергијата на луѓето опаѓа и многумина стануваат депресивни. Луѓето се нерасположени, особено затоа што во зима се преоптеретени со обврски како купување, готвење, спремање и многу собири“, вели д-р Дру Ремзи  од  Универзитетот Колумбија во Њујорк.
“Многу од нас едноставно не можат да бидат среќни и во добро расположение бидејќи се бомбардирани со празнични реклами кои претставуваат некои идилични ситуации, кои се далеку од реалноста”, објаснува психијатарот д-р. Норман Розентал.
Сепак, зимата не мора да биде период на тага или лошо расположение, советуваат експертите. Се што ви треба е добар план, кој вклучува вежбање, здрава исхрана, селекција на обврски и пријатно дружење со пријателите.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја избегнете депресијата во зимскиот период:
Витамини: Витамините се клучни за вашето здравје, а со добро здравје доаѓа и добро расположение. Потрудете се да внесувате што повеќе витамини преку исхраната,   особено витамин Б12 и витамин Д кои помагаат про појавата на депресија.
Прошетки: Иако времето е студено, облечете топла облека и уживајте во екскурзии во природата. И обичните прошетки на чист воздух ќе ве размрдаат и ќе ве разбудат од „зимскиот сон“
Купувајте со план: Наместо да одите во продавница по подароци и да изнакупите многу непотебни работи кои ќе го оптеретат вашиот буџет, најпрво прошетајте и разгледајте, а потоа направете детален список за она што навистина планирате да го купите. Бидете креативни и обидете се да најдете некои интересни и достапни подароци преку интернет.
Јадете здрава храна: Зимно време има толку многу празници, па сигурно повеќе пати ќе паднете во искушение да каснете од празничната храна, која е многу вкусна но и многу калорична. Затоа, обидете се во вашето секојдневно мени да вклучите само лесна и здрава храна, како овошје и зеленчук, чорби, супи и чај.
Волонтирајте: За време на празниците не заборавајте ги оние кои немаат речиси ништо. Одберете некоја хуманитарна организација и одвојте малку време и средства за да им помогнете на оние на кои им е потребна вашата помош.Верувајте, прекрасно е чувството да му помогне на некого.
Алкохол: Бидете внимателни колку пиете. Заради многуте собири и прослави, постојано сте изложени на алкохолни пијалоци и може да го оштетите црниот дроб. Затоа, бидете поумерени и пијте само по една до две чаши алкохол, а конзумирајте повеќе вода.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement