Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Шест симптоми на рак

Научете како да ги препознаете можните симптоми на рак, со цел да се заштитите себе си на време. Се разбира, можно е и да се работи за некоја полесна болест, но важно е навреме да реагирате и веднаш да проверите што не е во ред.

Подуеност

Подуеноста секако не им е непозната на многу жени, особено околу времето на менструацијата. Но, ако таа не исчезнува, туку продолжува неколку недели, можно е да се работи за рак на јајници. Други симптоми на оваа болест вклучуваат болка во стомакот и карлицата, нагло чувство за мокрење, чувство на ситост, дури и кога малку сте јаделе.

Промена на брадавиците

Брадавиците се уште еден дел од женското тело кој може да ја менува својата насока. Доколку претходно биле испупчени, а потоа станале вдлабнати, или спротивно, не заборавајте да го контактирате вашиот лекар. Не мора да значи рак на дојката, но подобро е да бидете сигурни.

Невообичаено крварење

Крварењето помеѓу два периоди или откако менопаузата веќе се појавила претставуваат некои од честите знаци на рак на ендомеријумот, иако не е задолжително. Невообичаеното крварење, исто така, вклучува и крварење од ректумот, кое може да укаже на рак на дебелото црево. Крв во мокрачата може да биде знак за рак на мочниот меур или бубрезите.

Неочекувано губење на тежината

Неочекуваното губење на тежината, кога не држите диета или не вежбате повеќе од вообичаено, може да биде знак за неколку здравствени проблеми. Станува збор за губење на неколку килограми во период од еден месец или повеќе денови. Можно е да се работи за рак или хипертироидизам.

Висока температура

Високата температура кога имате настинка или грип, може да биде опасен знак кој не треба да го игнорираме. Треската е сигнал дека постои воспаление во телото, а токму вака може да започне леукемијата. Се разбира, треската е симптом на било која болест или инфекција, но ако е таа упорна и без придружни симптоми треба да бидете загрижени.

Незапирлива кашлица

Незапирливата кашлица е дефинирана со траење од четири до осум недели или подолго, а доколку се отсутни настинката, алергијата или грипот, можно е да се работи за рак на белите дробови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement