• Сподели на:

Секојдневни навики кои сериозно штетат на вашето здравје

___

На некои навики не можете да им побегнете, бидејќи долго време се дел од вашето секојдневие, но добро е да знаете дека се опасни по вашето здравје и барем да се обидете да ги промените.

sekojdnevni-naviki-koi-seriozno-shtetat-na-vasheto-zdravje-01.jpg

На овие навики ретко им посветувате посебно внимание, бидејќи така сте научени да живеете, но истите сериозно можат да му наштетат на вашето здравје.

Еве за што точно се работи:

1. Недостаток на сон

Добро знаете дека треба да спиете минимум 7 часа во текот на еден ден за нормално да ви функционира организмот, но ако не го правите тоа, голема е веројатноста дека ќе бидете под стрес и нервоза, исфрустрирани и со ниска концентрација.


2. Готова храна

Понекогаш многу едноставно е да навратите до најблиската сендвичара или пекара и да јадете нешто додека се движите, но токсините кои доаѓаат од хамбургерот или помфритот воопшто не ви се потребни, туку штетни. Оваа храна не содржи никакви хранливи материи.


3. „Минатото“

Ако долго време сте пушеле, консумирале брза храна или пиеле голема количина на алкохол, тоа остава големи траги на вашето здравје. Дури и кога ќе се откажете од овие пороци, телото ги памети.


4. Производи за чистење

Сите ние сакаме чист дом без бактерии и токму затоа употребуваме голем број на средства за чистење на домот, но претераното чистење е подеднакво опасно како и просторот во кој нема хигиена.


Оставете коментар

___