Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Природни начини за зајакнување на имунитетот

Имунитетот е една од најважните работи за човековото здравје. Неговата оптимална функција може да го спаси човекот од обични инфекции, но и да го заштити од смртоносни болести.

Иако силниот имунитет е овозможен од генетската предодреденост, науката докажа дека ефикасната функција на имуниот систем зависи и од храната која ја внесуваме.

Ви преставуваме неколку производи кои на природен начин ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот.

Остриги

Иако се познати како афродизијак, остригите се богати со цинк. Ниското ниво на цинк во организмот на мажите е често поврзувано со машката неплодност. Исто така, цинкот има антивирусни ефекти, а колку е важен за организмот покажува тоа што е битен фактор во зацелувањето на повредите и раните.

Лубеница

Освен што е хидратна и освежувачка во жешките летни денови, зрелата лубеница исто така е богата со моќниот антиоксидант глутатион. Познат е по тоа што го зајакнува имунитетот и  успешно се бори со инфекциите. Најмногу го има во близина на кората, во кашавиот дел на лубеницата.

Зелка

Зелката е извор на глутамин, важен засилувач на имунитетот. Зелката е евтина и лесно достапна, најмногу може да се најде во зимските месеци. Идеална е за комбинирање на разновидни јадења, од салати и супи до комбинација со месо. Нејзината хранлива вредност ќе го збогати оброкот со дополнителни антиоксиданси и витамини.

Бадеми

Една рака бадеми можат да го поткрепат вашиот имун систем од ефектите на стресот. Бадемите се богати со витаминот Е, кој е наречен чувар на плодноста. Исто така, бадемите се богати со рибофлавин и ниацин, Б – витамини кои можат да ви помогнат со справувањето на стресот и зголемувањето на имунитетот.

Грејпфурт

Ова овошје е богато со витамин Ц. На науката сè уште и претстои да утврди дали внесувањето на витаминот Ц преку храна, без дополнителни суплементи, помага во справувањето со настинките и грипот. Грејпфуртот е богат со флавониди, природни хемиски состојки кои помагаат во зголемувањето на имунитетот. Ако не ви се допаѓа вкусот на ова овошје, портокалите и мандарините се негова идеална замена.

Нискокалоричен јогурт

Една шолја јогурт на ден може да ги намали шансите да настинете. Посебно е важно во него да има живи и активни култури. Некои научници сметаат дека може да го стимулира имунитетот да се бори против болести. Исто така, е важен и витаминот Д. Последните студии покажуваат дека е пронајдена врската меѓу нискиот степен на витамин Д и зголемениот ризик од настинка или грип.

Лук

Во лукот има неколку антиоксиданси кои се борат со напаѓачите на имуниот систем. Лукот успешно се справува со Хеликобактери пилори, бактерија која е главниот виновник за чиреви во желудникот и рак во стомакот. Совет при готвење: излупете и исечкајте го лукот и оставете го 15 до 20 минути да потстои пред да го зготвите, за да се активираат неговите ензими.

Спанаќ

Познат е како “супер храна“, бидејќи е богат со хранливи состојки како фолати кои му помагаат на организмот да создава нови келии и да ја обнови ДНК. Исто така, содржи влакна и антиоксиданси како витаминот Ц и многу повеќе.

Чај

Без разлика дали пиете црн или зелен чај, и двата се богато со полифеноли и флавоноиди, состојки кои помагаат во справувањето со болестите. Овие антиоксиданси ги бараат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и ги уништуваат. И оние со кофеин и без кофеин делуваат сосема исто.

Брокула

Брокулата е основниот зеленчук кој помага во зголемувањето на имуниот систем. Преполна е со хранливи состојки кои го штитат телото од оштетувања. Ги содржи витамините А и Ц.

Водата во која се вари брокулата е хранлива и може да се пие. Ако ја консумирате свежа, најдобро е да се зачини со лимонов сок и нерафинирано, ладно цедено маслиново масло.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement