Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Премногу се потите? Дознајте што се крие зад ова!

Потењето е нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но важно е да се провери дали зад прекумерното потење не се крие некој хроничен проблем.

Презафатени сте и заборавате да јадете

Потењето може да биде знак за хипогликемија – намалување на шеќерот во крвта. Кога ќе прескокнеме оброк, недостатокот на гликоза во крвта активира ослободување на адреналин бидејќи телото преминува во режим на преживување и почнува потење.

Проблеми со штитната жлезда

Постојаното потење може да биде знак за хиперактивна штитна жлезда или хипертиреоза. Штитната жлезда лачи хормон кој ја контролира брзината со која телото ги искористува своите енергетски резерви. Кога штитната жлезда произведува премногу хормони тоа може да предизвика постојано потење. Хипертиреозата предизвикува и намалување на тежината и биење на срцето.

Проблем со хормоните

 Мажите кои се потат навечер веројатно имаат ниско ниво на тестостерон. Кога нивото на тестостерон е намалено, хипоталамусот – центар кој регулира многу функции, меѓу кои и телесната температура и притисокот – прима лажни сигнали дека телото е прегреано, па се вклучува потење како метода за ладење на телото.

Лекови

Потењето може да биде нус појава на антидепресиви, бидејќи тие го зголемуваат нивото на стрес хормонот, норадреналин, кој предизвикува претерано потење. Причина можат да бидат и лекови за притисок, лекови против настинка и грип кои содржат псеудоефедрин, таблети со железо и антибиотици.

Хиперхидроза

Поголемиот дел од луѓето произведуваат литар пот дневно, а уште повеќе кога е топло или вежбаат. Ако се потите и кога температурите се ниски, можеби патите од хиперхидроза. Луѓето кои страдаат од претерано потење произведуваат и до десет пати повеќе пот.

Инфаркт

Потењето и вртоглавицата можат да бидат знак за предупредување од срцев удар. Може најпрво да се почувствува болка во градите или симптомите можат да се појават после вежбање. Останатите симптоми се гушење, тешка болка во градите која се шири кон вилицата, вратот, рацете и грбот.

Овој вид потење е одговор предизвикан од наглото намалување на пулсот и крвниот притисок. Ваков одговор исто така може да се појави и пред мозочен крвоизлив, или акутно воспаление на слепото црево.

1 Comment

1 Comment

  1. risto sputnik

    октомври 30, 2013 at 1:32 am

    da da isto taka moze da predizvika kurodrvica na javni mesta

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement