Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Ова, тврдат експертите, се топ намирници за здрава кожа, коски, заби, очи и коса!

Тајната на млада кожа и здрава коса? Не е во препаратите. Тајната е во режимот на исхрана. Експертите тврдат дека ако сакате здрави коски, заби, кожа и коса – ова се намирниците што мора да ги конзумирате.

Спанаќ – Овој зелен зеленчук е преполн со антиоксиданси. Спанаќот содржи луеин, антиоксидант поради кој ќе имате здрави очи. Добар извор е на витамини Б, Ц и Е, како и калиум, калциум, железо, магнезиум и Омега 3 масни киселини.

Орвви – Ако сакате нежна кожа, здрава коса, очи и цврсти коски – јадете ореви. Вклучете грст ореви во вашето секојдневно мени и обезбедете за организмот доволно Омега 3 масни киселини и витами Е.

Киви – Мало и рошаво овошје преполно со витамин Ц и антиоксиданси поради кои вашата кожа ќе биде стегната, а забите и коските здрави. Кивиот е одличен борец против брчки.

Црна чоколада – Ја штити кожата од УВ зраците и помага да остане хидратирана, а спротивно од стандардното мислење, чоколадата не предизвикува акни. Секако, секогаш имајте на ум дека овде зборуваме за чоколадите кои содржат над 60% какао.

Јогурт – Една чаша јогурт содржи повеќе калциум отколку чаша млеко, а калциумот е неопходен за здрави коски, нокти и заби. Во комбинација со мед, јаболко и цимет ќе добиете најздрав појадок.

Компир – Оваа суперхрана е полна здравје, а особено во последно време стана фаворит за многу експерти. Компирот е богат со бета каротен, пигмент кој создава витамин А и кој е потребен за добар вид и здравје на очите воопшто, а уште една причина на оваа листа е тоа што е одличен борец против стареење. Секако мора да внимавате како го подготвувате. Печен компир со маслиново масло е полн погодок.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement