Намалување на ризикот од срцеви заболувања
Освен тоа што многу брзо ќе ја постигнете саканата форма со возењето велосипед, велосипедизмот може да ви помогне да го зачувате своето здравје.
Физичката активност како што е возењето велосипед го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за дури 50%, но помага и при намалувањето на ризикот од дијабет, тумор и висок крвен притисок.
Велосипед vs. пешачење
Возењето на велосипед е еден од најдобрите начини да го искористите убавото попладне. Интересен факт е тоа што со бавно возење во текот на еден час вие ќе потрошете околу 280 калории, додека пак со пешачењето ќе потрошете околу 100 калории помалку.
Трчање или возење велосипед?
Возењето велосипед е многу подобро за вашите нозе, колена, зглобови и стапала. Луѓето кои возат велосипед околу 30 минути на ден , пет пати неделно, двојно го намалуваат ризикот од заболувања во однос на оние кои не обавуваат никаква физичка активност.
Најдобро превозно средство
Секојдневното одење на работа и гужвите во сообраќајот се едни од најстресните моменти во текот на денот. Истражувањата покажаа дека луѓето кои користат велосипед како превозно средство се под многу помал стрес и се чувствуваат одлично.
Го подобрува изгледот на вашата кожа
Истражувачи на Стенфорд дошле до резултати дека велосипедизмот помага во зачувувањето на младешкиот изглед и ја штити кожата од штетното влијание на UV зраците, бидејќи со вежбањето кислородот поефективно доаќа до неуроните, а токсините побрзо се излачуваат од телото.
Подобар сон
Доколку имате проблеми со спиењето, можеби треба да пробате да го решите овај проблем со помош на велосипед. Истражувачите од Стенфорд им препорачувале на луѓето кои патат од несоница секојдневно возење на велосипед по 20-30 минути. Резултатот бл неверојатен, а времето кое им било потребно на луѓето да заспијат се намалило на пола.
Го успорува стареењето
Истражувања правени на близнаци покажале дека оние кои се бавеле со велосипедизам или некоја друга активност околу 45 минути, три пати во текот на неделата, делувале дури 9 години помлади во однос на своите браќа близнаци. После активноста , како што е возењето велосипед, телото е зајакнато и полесно се брани од болести!
Го подобрува расположението
Возењето велосипед го подигнува нивото на расположение и енергијата, па затоа крајно време е оваа пролет да започнете со возење!

You must be logged in to post a comment Login