• Сподели на:

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ ПРЕД НАРЕДЕН ПАТ ДА СТАВИТЕ ДЕЗОДОРАНС! Антиперспирантите и дезодорансите се едни од најчесто употребуваните козметички производи.

___

Ви претставуваме неколку интересни факти за дезодорансите кои што веројатно не сте ги знаете. Годишно се трошат големи сумина пари за дезодоранси и антиреспиранти, се со цел да се спречи потењето и непријатниот мирис. Иако секојдневно ги користите, колку од вас навистина се запрашале како тие настанале и на кој принцип функционираат?

Погледнете ги интересните факти за едно од најчесто употребуваните козметички производи, особено во летниот период.

Антиреспиранотот не е откритие на модерното време

Како што „New York Times“ има објавено уште во минатото, древните Египќани ја измислиле “уметноста на капење во мириси”, така што постојано додавале некои парфеми во водата. Првиот вистински дезодоранс е наречен „Mum“ се појавил во 1888 година, а пак антиперспирантот 15 години подоцна.

Дезодорансот ги убива бактериите

Потта сама по себе нема непријатен мирис. Мирисот всушност доаѓа од бактериите кои се наоѓаат во неа. Дезодорансот содржи некои анти-бактериски својства со кои се спречуваат појавата на непријатен мирис, а пак антиперспирантот води битка со самото потење.

Антиперспирантот не го запира потењето

Алуминиумските соединенија кои ги содржи антиперспирантот се оние кои го запираат лачењето на потните жлезди. Американската Администрација за исхрана и лекови бара од компаниите наместо натписот “24 часа заштита”, кој го има на поголемиот број од дезодорансите, да пишува “Намалено потење за 20%”, бидејќи и најсилнте антиперспиранти може да го елиминираат потењето само за 30 одсто.

Навистина може да станете имуни на антиперспирант

Извесно е дека нашето тело после одредено време се навикнува на ефектите кои ги имаат одредени антиперспиранти. Тоа е причина зашто од време на време треба да направите мала промена. На пример антиперспиранотот да го замените со дезодоранс.

Дезодорансот не избира пол

Интересен е фактот дека жените имаат помал број на потни жлезди во однос на мажите, но и тоа дека потните жлезди на мажите произведуваат поголема количина на пот. Помислата дека постојат различни дезодоранси за мажи и жени не е ништо друго, туку само еден маркетиншки трик. Единствената разлика е во мирисот и бојата на шишето.

Дозодорансот не им е на сите неопходен

Производителите на дезодоранс направиле уште еден маркетиншки трик со тоа што пробуваат да не убедат сите нас дека антиперспирантот на сите им е неопходен. Поголемиот пброј на луѓе немаат толку многу непријате мирис колку што самите сметаат дека имаат. Сопствениот мирис можете да го откриете преку вашиот восок во ушите. Доколку “восокот” во вашите уши е бел тоа значи дека можете веднаш да прекинете со користењето на дезодоранс. Додека они луѓе кои имаат жолт “восок” во ушите треба да користат дезодоранс.

Никој сеуште нема заклучено зашто се појавуваат жолти дамки

Застапена е теоријата дека алуминиумските соединенија кои постојат во антиперспирантот во моментите на допирот со пот, кожата, ткаенина или прашок за перење предизвикува одредени хемиски реакции кои доведуваат до појавување на жолти дамки на облеката. Единствен начин за да се спречи ова претставува користењето на антиперспирант кој не содржи алуминиум.

И сами може да направите антиреспирант

Одреден број на растителни масти и екстракти содржат анти-бактериски својства, така што во теорија дезодорансот секој може сам да си го направи. Меѓутоа луѓето најчесто се одлучуваат да го купат, бидејќи е премногу сложено да се најдат сите потребни состојки, а потребно е и многу време за да се направи еден домашен антиперспирант.


Оставете коментар

___