Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Ослободете се од болната менструација со помош на овие растенија

Кога сте во “оние денови”, често и најсилните лекови против болки немаат ефект.Но, затоа тука се растенијата, кои со своите лековити својства можат да ве ослободат од мачната менструална болка.
Менструалните болки не се ретки, а повеќето од жените ги имаат искусено. Акутната стомачна болка, придружена со главоболка, гадење, повраќање и надуеност, се најчести во првиот ден од менструалниот циклус, но можат да потраат и до вториот, третиот, па дури и четвртиот ден.
Доколку ја масирата стомачната област со етерични масла од камилица, јасмин или жалфија, грчевите и болките ќе се намалат. Исто така, билниот чај подготвен од мешавина на малини, нане и лимон дава одлични резултати во намалување на болките.
Ѓумбирот исто така е одличен лек за болните менструации, а од него може да направите чај или да го користите свежо изрендан како додаток за чај.
Сварете неколку листови босилок. За да ви биде полесно во текот на целиот циклус, пијте по еден мал филџан на секој час ( само за време на менструалниот циклус). За да го поправите вкусот, додајте цимет во прав. Ист ефект има и чајот од магдонос.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement