Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Нема веќе умирање: Решението за рак се наоѓа во нашите црева?

Решението кое би можело да овозможи лечење на речиси сите карциногени тумори, дури и оние во напредна фаза, се наоѓа во нас самите, односно во нашиот систем за варење, тврдат американски експерти.

Јиан Гуо Генг од универзитетот во Мичиген истакнува дека шансите за преживување на пациентите кои се лечат со хемотерапија растат експоненцијално ако неговиот дигестивен систем остане здрав и функционален и покрај отровите кои ги содржи хемотерапијата. Генг и неговите колеги неодамна откриле биолошки механизам кој го заштитил дигестивниот систем на експерименталните животни кои добиле смртоносна доза хемотерапија.

Ако се потврди и на луѓето, ова откритие би било револуционерно.

“Сигурни сме дека со оваа техника можат да се лечат тумори и во фаза кога метастазирале. Ако нашите прогнози се точни, луѓето повеќе нема да умираат од рак“, вели Ганг и објаснува: “Сите тумори можат да се убијат со јака доза хемотерапија и зрачење, меѓутоа во моментов е проблем тоа што човечкиот организам не може да ги поднесе потребните високи дози, со кои попрво би го убиле пациентот, отколку да го излечиме“.

Според новото откритие одредени протеини кои се врзуваат со специфични молекули од матичните клетки во цревата силно ги активираат клетките сами да ги поправаат оштетувањата предизвикани од хемотерапијата. Матичните клетки обично ги поправаат оштетените органи и ткива, меѓутоа нормалната количина матични клетки едноставно не успеваат да држат чекор со степенот на оштетување од високата доза хемотерапија и зрачење неопходно за успешно да се излечи метастазиран карцином.

Додавањето на матични клетки ќе го заштити дигестивниот систем па пациентот кој ќе може да конзумира хранливи материи, телото ќе може да ги обавува клучните функции, а отровите во цревата нема да можат да влезат во крвотокот. Сето ова ќе овозможи пациентите да ги издржат дополнителните дози хемотерапија и зрачење.

Во новата студија 75% од експерименталните животни на кои им била дадена молекулата Р – спондин 1 и Слит 2 ја преживеале смртоносната доза хемотерапија. Ни едно од нив што не ја добиле, не преживеало.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Ерата на Пагани Хуаира е при крај. Или можеби не? На крајот на краиштата, Pagani до неодамна сè уште ја градеше повремената Zonda за...

Fool Moon

При самото спомнување на Италија, првото нешто што ни паѓа на ум е одреден вид на кежуал гламур. Како оваа држава го доби тој...

Fine Living

Неверојатниот дом е дизајниран од познатиот архитект Золтан Пали. Имотот, кој беше домаќин на новата рекламна кампања на брендот Тифани во која беа вклучени...

Four Seasons

Ако на истото место летуваат Бијонсе, Џеј Зи, Дрејк, Кардашијан, Шакира, Вин Дизел и Шарлиз Терон, тоа место мора да има нешто посебно. Тоа...

Advertisement