• Сподели на:

Масажа против главоболка

___

Масажата на главата е една од најстарите терапии за лекување на мигрена и обична главоболка, а најдобро делува ако се примени брзо по почетните симптоми.

1. Масажа на вратот и крвните садови – На ова место до главоболката најчесто доаѓа поради неправилно држење и стеснување на крвните садови. Иако можете сами да се измасирате, многу е полесно да имате некој што ќе ве измасира. Со цврсти движења на прстите се тргнува од долниот дел на вратот се до базата на главата, каде се масира со кружни движења.

2. Масажа во делот на слепоочницата –  Иако главоболката се јавува малку над слепоочницата, масирањето на делот на главата на самата ивица на растот на косата може да биде многу корисно кај тензиската главоболка здружена со осетливоста на светло. Движењата овде треба да бидат понежни, побавни и кружни.

3. Масажа за болка над очите – Кај ваквите врсти на болка чест предизвикувач се синуситем а олеснување ќе ви донесе со притискање на точките околу носот и кај коренот на опбразите. Бидејки тоа подрачје е нежно, потребно е нежно притискање на јазлите спрема надворешниот агол на окото.

4. Челна главоболка – Ако болката се шири на самото чело, таа може да се намали со рамни движења со повлекување на прстите од образите до врвот на челото.


Оставете коментар

___