• Сподели на:

Магичниот босилек, против кашлица, бубрежни болести, главоболки и депресивно расположение

___

Ова растение е делотворно кај болестите на мочните канали, делува како средство за смирување, ја оттргнува несоницата и ја ублажува нервозата, го подобрува апетитот, а младите мајки со доенчиња би требало да пијат чај од босилек бидејки го подобрува правење на млекото. Босилекот често потсетува на лист од пеперминт, со кој е во сродство. Неговиот лист со јак мирис најчесто се користи како додаток на разни јадења. Меѓутоа, босилекот крие лековити моќи.

Во врска со босилекот постојат многу легенди и приказни. Во Индија босилекот го користат како најсвето растение и се верува дека ја штити душата, па затоа се користи при медитација. Хиндуистите ставаат босилек на градите на умрените за да ги заштитиле од зли духови додека преминуваат помеѓу два животи. Египќаните нуделе босилек на своите богови и го користеле за балзамирање. Во Ајурведа се користеле за дишни проблеми како шти се бронхитис, кашлање и за настинка, како и за подобро варење. Практичарите на Ајурведите сметале дека босилекот нуди божествена заштита, дека лекува на физичко и спиритуално ниво, како и дека го зајакнува имунитетот. Босилекот во Италија е симбол на љубовта, па затоа италијанките го носеле на раце, за да привлечат додворувачи.

Во народната медицина се користи против кашлица, бубрежни болести, главоболки и депресивни расположенија, а чајот од ова растение се користи против менструални тегоби. Сокот од босилек се користи против настинки и запаление на ушните тапанчиња, а чајот од босилек е лековит пијалок.

Чајот од босилек се припремува така што листовите на исушен босилек се преливаат со топла зовриена вода и се остава да стои во поклопен сад до десет минути. Можете да го пиете секој ден, но по секои осум денови треба да направите пауза од две недели. Босилекот делува и на емотивно ниво,така што мрачните и апачните луѓе може да ги опушти и да ги направи ведри. Посадете свој босилек и уживајте во неговиот мирис и секое добро што може да ви донесе ова магично растение.


Оставете коментар

___