Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Лекување со “Чувар куќа“

Чувар куќа е многу позната лековита билка која се користи за лекување на рани, испукана кожа, чиреви, хемороиди, прочистување од цревни паразити, болки во уво или грло и шеќерна болест, во вид на чај.
РЕЦЕПТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЛЕК ОД ЧУВАР КУЌА
За подготовка е потребно: 500гр чувар куќа и 1кг мед.
Подгответе го лекот на следниов начин: измелете ги и исцедете ги листовите од чувар куќата во еден сад. Во добиениот сок додадете го и медот и мешајте се до соединување на состојките.
Добиениот лек оставете го да отстои 7 дена на топло место.
Земајте по една лажица наутро на празен стомак, и не јадете 2 часа потоа. Овој природен лек го чисти телото од токсините и го забрзува метаболизмот.
Чај од Чувар куќа
За подготовка на чај е потребно: 2 мали ситно исецкани листови од чувар куќа и 2дл врела вода.
Подгответе го чајот на следниов начин: откако ќе ги полиете листовите со вода, потребно е чајот да отстои 2 часа. Потоа се цеди и се пие по1/4 чаша пред јадење 3 до 4 пати во текот на денот.
Чајот од чувар куќа помага кај диареја, јаки менструални болки, болки во увото.
Излекувајте ги хемороидите со чувар куќа
За лек против хемороиди потребно ви е: 300гр иситнети листови од чувар куќа, 750гр ливадски мед и 1 лимон.
Подгответе го лекот на следниов начин: ставете го лимонот во вода и додадете една мала лажица сода бикарбона и оставете да отстои 1 час. Потоа измијте го лимонот и исечете го на кришки, па заедно со листовите од чувар куќата измелете го и ицедете го низ газа. Во добиениот сок додадете мед и измешајте со дрвена лажица.
Добиената смеса чувајте ја во фрижидер. Земајте по 1 мала лажичка наутро на празен стомак. Користете го овој лек месец и половина.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement