Чувар куќа е многу позната лековита билка која се користи за лекување на рани, испукана кожа, чиреви, хемороиди, прочистување од цревни паразити, болки во уво или грло и шеќерна болест, во вид на чај.
РЕЦЕПТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЛЕК ОД ЧУВАР КУЌА
За подготовка е потребно: 500гр чувар куќа и 1кг мед.
Подгответе го лекот на следниов начин: измелете ги и исцедете ги листовите од чувар куќата во еден сад. Во добиениот сок додадете го и медот и мешајте се до соединување на состојките.
Добиениот лек оставете го да отстои 7 дена на топло место.
Земајте по една лажица наутро на празен стомак, и не јадете 2 часа потоа. Овој природен лек го чисти телото од токсините и го забрзува метаболизмот.
Чај од Чувар куќа
За подготовка на чај е потребно: 2 мали ситно исецкани листови од чувар куќа и 2дл врела вода.
Подгответе го чајот на следниов начин: откако ќе ги полиете листовите со вода, потребно е чајот да отстои 2 часа. Потоа се цеди и се пие по1/4 чаша пред јадење 3 до 4 пати во текот на денот.
Чајот од чувар куќа помага кај диареја, јаки менструални болки, болки во увото.
Излекувајте ги хемороидите со чувар куќа
За лек против хемороиди потребно ви е: 300гр иситнети листови од чувар куќа, 750гр ливадски мед и 1 лимон.
Подгответе го лекот на следниов начин: ставете го лимонот во вода и додадете една мала лажица сода бикарбона и оставете да отстои 1 час. Потоа измијте го лимонот и исечете го на кришки, па заедно со листовите од чувар куќата измелете го и ицедете го низ газа. Во добиениот сок додадете мед и измешајте со дрвена лажица.
Добиената смеса чувајте ја во фрижидер. Земајте по 1 мала лажичка наутро на празен стомак. Користете го овој лек месец и половина.

You must be logged in to post a comment Login