Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Копривата е природен лек против слабокрвност

Често копривата се применува  поради железото кај слабокрвните лица, зашто влијае врз создавањето поголем број на црвени крвни зрнца. Со јадењето коприва се подобрува мокрењето, се намалуваат ревматските болки и се поттикнува лачењето млеко кај доилките. Голема примена има и во козметиката. Екстракт од коренот на опривата се наоѓа во производите против опаѓање на косата.

Во неа има многу флавоноиди, стероли и други состојки кои позитивно дејствуваат врз нашиот организам. Копривата содржи значително количество на хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо), витамин Ц и провитамин А.

Китка млади листови од коприва треба да се варат 15 минути во литар вода, да се прецеди и да се пие во текот на целиот ден. Препорака е редовно да се пие чајот од коприва еден месец.

Копривата ретко може да се најде во менито, иако станува збор за вкусен продукт кој може да се приготвува варен како спанаќот или исечкан и измешан со јајца во вкусен омлет. Може да се подготви на многу начини, како и секој зеленчук. Иако питата од коприви е нешто прекрасно јадење, во цела Европа позната е супата од оваа билка, единствено јадење во кое копривата има главна улога.

Со примената на готовите препарати во пропишаните дози несакани дејства не се забележани. Но, сепак треба да се биде внимателен зашто високите дози може да предизвикаат црвенило на кожата и опстипација. Копривата не смее да се користи неварена зашто може да ги оштети бубрезите. Со оглед на тоа дека влијае врз засиленото лачење на мочката, кај честите примени на копривата треба да се внимава на губењето калиум и да се зема храна богата со тој минерал.

Прочитано: 87 пати

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement