Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Килограми долу: Пресметајте ја сопствената „зона на согорување масти“

Стотина стомачни, склекови и десеттина поминати километри можеби нема да ги симнат масните наслаги од деловите на телото кои ви се „критични“. Зошто? Суштината на губењето на килограми е да со храна го стимулираме разградувањето на масните келии, а со вежбање тие исти масти масти да ги искористиме како извор на енергија и да ја достигнеме „зоната на согорување на масти“.

sl

 

Како што е кажано, со храната се одредува колку нашето тело ќе биде пополнето со протеини, јаглени хидрати и масти. Поточно, колку поквалитетно ги храниме органите и мускулите, ќе го забрзаме метаболизмот и ќе овозможиме поефикасна размена на хранливите и потрошливи „масни“ материи. Со исхраната му диктираме на телото како ќе се однесува и ќе функционира, а со вежбање како ќе изгледа.

 

Липолиза и разградување на мастите со тренинг се постигнува после 10-15 минути вежбање со умерен интензитет и ваков вид на активност овозможува долготрајн а работа од 30 минути до неколку саати. Практично, што подолго време поминеме во таа зона, толку е поефикасно! Главен извор на енергија во овој случај се всушност мастите, што е добро само по себе, бидејќи ја постигнуваме поставената цел. За да ја одредиме „зоната на согорување масти“ можеме да користиме и формула за одредување на максималниот пулс за жени:

 

225 – години на живот = максимален пулс (од тој број одредете 50 – 80% е вашата „зона на согорување масти“)

 

За почеток определете се за 50%, повремено зголемувајќи го обемот на вежбање (временски) и интензитетот (брзината) во склад со вашата моментална состојба и напредување, се до 80% од максималниот пулс. Оваа зона е најлесно да се оствари со брзо одење, со возење на велосипед, ролери, на крос-тренинг итн. Бројот на отчукувања на срцето можете да го пратите на пулсметар кој се наоѓа на справите или на специјализирани саати на раката. Интересно е дека уште подобар ефект се постигнува со комбинирани вежби со силата на сопственото тело, се подобрува тонусот на мускулите, со што се обликува телото и се забрзува метаболизмот.

 

Значи, зоната на согорување на масти претставува состојба на телото т.е. организмот која како примарен извор на енергија за движење најмногу ги користи мастите. Тоа е начин на вежбање кој овозможува долготрајна работа од 20 минути до 2 саати, не повеќе за рекреативци. Важно е да се напомене дека разградувањето на мастите трае 30-60 минути после тренингот, затоа не се препорачува конзумирање на храна непосредно после вежбањето.

 

За да работите бидат уште попрактични, се препорачува губење на килограми од 0,5-1 килограм неделно. Понатаму, 1 кг телесни масти со согорување даваат нешто повеќе од 7000 калории, а да кажеме човек од 100 кг со одење за поминување на еден километар потрошува 100 калории. За да човек од 100 кг изгуби 1 кг за една недела, треба секој ден да пропешачи по 10 км! Делува неверојатно, но затоа важна е упорноста, континуитетот и комбинирањето на што поразлични вежби и правилна исхрана за да се остварат долготрајни резултати.

 

Да резимираме, внимавајте што и колку јадете, вежбајте во зоната 50-80% од максималниот пулс што подолго. Ако сакате работите да ги препуштите на случајот, посоветувајте се со нутриционист и ангажирајте фитнес тренер. Намалете го внесувањето, а зголемете го потрошувањето на калории, тоа е решението. И пронајдете ја својата зона!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement