• Сподели на:

Карфиолот е одличен борец во борбата против ракот!

___

Досега веќе имаме спомнато дека карфиолот е непроценлив извор на витамин Ц, но најновите медицински истражувања укажуваат на уште едно позитивно и многу важно влијание на овој зеленчук по однос на здравјето на луѓето. Имено на Универзитетот во Питсбург, на Институтот за онкологија, после многубројни, долготрајни и детални проучувања и истражувања се покажа и докажа дека фенетилот кој се ослободува кога се џвака карфиолот го забавува процесот на формирање на крвни садови кои ги хранат ќелиите кои се заболени со одреден вид рак, а со тоа и го спречува ширењето, односно метастазирањето на оваа тешка болест во организмот.
Во групата на зеленчук кои покажале вакви и слични на овие својства се и брокулата, зелката и кељот за кои се докажа дека содржат индоли кои ги стимулираат ензимите кои пак го блокираат настанувањето и понатамошниот развој на ракот.
Карфиолот е одличен и кога станува збор за чистење на џигерот благодарение на глукозинолати кој потпомага да се исфрлат сите токсини.
Се препорачува да се консумира и при проблеми настанати при висок крвен притисок, артритис, болести на кожата како и при болести на уринарниот тракт.
Благодатите од консумирањето на овој зеленчук се огромни по здравјето на луѓето, затоа што карфиолот покрај со витамин Ц изобилува и со витамините А и Б и тоа во голема количина, а исто така и со фосфор, железо и калциум.
Некогаш лекот ни е на дофат на раката и не кошта многу пари, ние треба само да се информираме за да го пронајдеме.


Оставете коментар

___