• Сподели на:

Како да стекнете навика на пиење 8 чаши вода секојдневно?

___

На нашиот организам потребна му е доволна количина на вода за да може да функционира нормално, а дехидрацијата е една од најчестите појави меѓу луѓето за која често не сме свесни, а претставува причина за бројни здравствени проблеми.

Сакате да стекнете навика на пиење на 8 чаши секојдневно?

Пробајте ги овие трикови:

1. Дајте и вкус

На многумина водата знае да им пречи и да им биде „досадна“, затоа што е безвкусна, па ако таков е случајот и со вас, најдобро е да и дадете некаков вкус. Така нема да посегнете по соковите и ќе го избегнете непотребното внесување на шеќер.

Во стаклено шише ставете малку лимон, нане и цеден портокал, па ставете го во фрижидер и пијте од него преку текот на целиот ден.


2. Искористете ја моќта на паметниот телефон

На вашиот мобилен телефон можете да ставите безброј апликации кои се направени само за оваа ситуација, да ве потсетуваат дека треба да пиете вода.


3. Набавете си убаво шише само за вас

Во текот на денот имаме голем број на обврски и задачи поради кои заборавате да внесете доволна количина на течности во организмот, а тоа лошо се одразува на здравјето.

Добра мотивација во таквите случаи се интересните шишиња кои постојано ќе бидат покрај вас и ќе ви бидат мини потсетник дека треба да се напиете вода.


4. Водата нека ви стане предјадење

Овој трик е прилично делотворен, а покрај тоа што ќе стекнете навика на пиење на вода и ќе си помогнете да ослабете некој килограм плус, бидејќи пред да започнете со јадење ќе ја намалите празната површината на желудникот и со помал оброк ќе чувствувате ситост.


5. Бројте колку чаши сте испиле

Ако пиењето вода ви претставува вистинска мака, направете си план. Измерете колку вода собира во вашето шише и пресметајте колку пати треба да го наполните за да испиете доволно вода. Пример, а ко собира пола литар вода, тогаш треба да 3 пати да го наполните шишето и да ја испиете водата.


Оставете коментар

___