• Сподели на:

Како да се ослободите од црвенилото на бутовите во лето?

___

По подолго пешачење за време на жештините, кога телото повеќе се поти, настанува триење во внатрешниот дел на бутовите и се појавува црвенило, а понекогаш и ранички.

kako-da-se-oslobodite-od-crveniloto-na-butovite-vo-leto-01.jpg+

Од тоа почесто патат покрупните луѓе, но не е реткост и се случува да се појави и кај послабите.

Доколку сте се соочиле со ваков проблем и не знаете како да си помогнете, постојат неколку начини за да исчезнат црвенилата и темните дамки на итнимните места.

Антиперспирант во облик на стик

Овој стик не е корисен само за под пазувите. Можете да нанесете мала количина на делот помеѓу нозете, па покрај тоа што ќе има освежувачко дејство, ќе ја чува вашата кожа и од иритација. Секако, се нанесува на чиста и сува кожа.

kako-da-se-oslobodite-od-crveniloto-na-butovite-vo-leto-02.jpg

Бебешка пудра во прав

Пудрата во прав може да биде вистински спас и за возрасните со овој проблем. Се нанесува на чиста и сува кожа.

kako-da-se-oslobodite-od-crveniloto-na-butovite-vo-leto-03.jpg

Кокосово масло

Кокосовото масло многу лесно се впива во кожата и не остава никакви траги. Нанесете на местото каде настанало триењето и ќе забележите дека покрај тоа што ја намалува иритацијата и црвенилото, ѝ дава и целосна нега на вашата кожа.

kako-da-se-oslobodite-od-crveniloto-na-butovite-vo-leto-04.jpg


Оставете коментар

___