Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Како да се ослободите од болките во мускулите по вежбање?

ога нашите мускули се преоптоварени од вежбање, нашиот прв инстинкт е да посегнеме по лекарства за опуштање на мускулите и ослободување од болката. Но, постојат повеќе алтернативи кои ќе ви помогнат да се справите со болките во мускулите, без да користите лекарства. Пробајте некои од наведениве третмани за намалување на болката во мускулите и верувајте дека ќе почуствувате олеснување.

Растегнете се

По и пред вежбање, практикувајте растегнување на мускулите. Тоа ќе ви помогне да ја намалите тензијата во нив така што остатокот од денот ќе го поминете порелаксирано. А, исто така, со растегнувањето на мускулите делувате превентивно против натамошни болки и повреди при вежбање.

Мразот помага

Ладните облоги, исто така можат да помогнат да се справите со болните мускули. Ставајте ладни облоги на болните мускули во текот на наредните неколку дена, но внимајвајте да не го држите мразот подолго од 20 минути на едно место.

Топла купка

Наполнете ја кадата и во водата додадете два филџана јаболков оцет. Тој помага во опуштање на вашите мускули, а купката воедно и ќе ве релаксира. Исто така додавањето на масло од нане во бањата, доколку го имате при рака, може да го постигне истиот ефект.

Внесувајте течности

Течностите се важни и кога станува збор за болките во мускулите. Внесувајте најмногу вода, или пак други незасладени течности, како зелен чај, и тоа од 8 до 12 чаши на ден.

Прочитај

Wall Street

Понекогаш пандемија, здодевност и премногу слободно време, можат да донесат луди идеи… Ова е точно случајот со златарникот од Мичиген, Џони Пери, чија продавница...

Green Tea

Ние ви споделуваме листа на пет видови на лекови кои дефинитивно треба да ги имате со вас на одмор во случај на најчести летни...

Route 66

Кога станува збор за транспортните средства, Џејмс Бонд е најпознат по неговиот вкус поврзан со автомобилите… Меѓутоа, ако компанијата Триумф праша нешто, моторите би...

Route 66

Bugatti Chiron е вистинско инженерско чудо што покажува што може да се постигне кога автомобилскиот инженеринг се движи кон апсолутна граница. Речиси секоја компонента...